Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Божјиот штитПримерок

The Armor of God

1 ДЕН ОД 5

Нештата кои те вознемируваат во твојот живот—нештата кои ги перцепираш со твоите пет физички сетила—не се твојот реален проблем. Сè што се случува во видливиот, физички свет е директно поврзано со боречки натпревар кој се случува во невидливиот, духовен свет. Твојот реален непријател—ѓаволот—сака да ја игнорираш духовната реалност преку физичката. Бидејки се додека си фокусиран на она што го гледаш со твоите физички очи, тој може да продолжи да беснее под површината. Колку повеќе го занемаруваш, толку повеќе штета може да нанесе. Непријателот можеби е невидлив, но не е фикција. Тој е многу реален, и многу упорен, во константна војна против нас.



Да се биде верник не значи дека имаме имунитет против нападите на непријателот, но ни дава пристап до моќта на Таткото—Неговата моќ да не одбрани како и да го врати она кое ни било направено. Доколку сакаш да победиш во борбата—доколку сакаш да ми се придружиш во вртење на скриптата, да го притиснеш непријателот, и осакатиш неговото влијание во твојот живот—клучот е да разбереш дека ти си поврзан со поголема духовна моќ во споредба со онаа која е против тебе.



Павле напиша до Ефесјаните не само за да привлече внимание на духовната борба која постои во невидливиот, не виден свет, но и со цел да ја прикаже наследената сила во секоја личност која е во врска со Бог преку Христос. Во Ефесјаните, Павле потенцира еден од најважните сепак занемарени аспекти од нашиот духовен штит: молитвата.



Павле ја сметал молитвата како критична работа во победување на моќта на Сатаната во нашите животи, како што еден ученик видел, “Ефесјаните има пропорционално повеќе од 55% стихови директно поврзани со молитвата” како Римјаните, најдолгото писмо од Павле.1 Тој дури пукна молејки се неколку пати додека пишувал. И кога се молел … човеку, колку е тоа стратешки, да биде сигурен дека им кажува на неговите читатели точно за што се моли. Тој знаел дека преку молитва е возможно да се промени траекторијата на целите нивни животи. Победата при духовно војување и неразделна од молитвата.



Читајте Ефесјаните 1:18-21 и 3:14-19. Од сите нешта за кои Павле се молел, кои се тие за што имаш потреба да ги побараш од Бог денес? 







Цитирана текст



1. James E. Rosscup, “The Importance of Prayer in Ephesians,” The Master’s Seminary Journal, Volume 6, Number 1 (Spring 1995), 58.


Ден 2

Опис за овој план

The Armor of God

Секојдневно, невидлива војна беснее околу тебе—невидлива, нечујна, сепак почувствувана низ твојот живот. Посветен, ѓаволски непријател пробува да направи неред во се што ти значи: твоето срце, твојот ум, твојот брак, тво...

More

Би сакале да се заблагодариме на Лајфвеј Вумен што го овозможија овој пла. За повеќе информации, посетете ја: https://www.lifeway.com/en/product-family/armor-of-god?vid=armorofgod

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност