Божјиот штитПримерок

Ја дефинираме верата со ова едноставно значење: делување како Бог да ја кажува вистината.
Вистината е шарка на целосната проблематика на живот исполнет со вера. Доколку не ја знаеш вистината, никогаш нема вистински да знаеш како е да делуваш во согласност со неа. Значи, вистината на Божјиот карактер и Неговиот Збор овозможува рамка која ни дозволува нашата вера да процвета и напредува.
Божјата вистина е она кое ја прави верата во Бог да биде вредна. Без вистината, ние немаме ништо солидно на што можеме да го закачиме нашиот штит на верата. Така да познавањето на Божјата вистина и вистината за Бог како што е претставено во Неговиот Збор е критична доколку сакаме да ја живееме нашата вера одговорно, и да ги искусиме бенефициите од заштитата на нашите штитови.
Било кој разговор за верата би бил некомплетен без да ја потенцираме критичната важност за слушање на Божјиот глас јасно и прецизно. Доколку не сме внимателни, верата лесно може да се претвори во глупав—непромислен, импулсивен, дури несовесен и опасен однос, направен во име на верата. Но вистинската вера секогаш мора да биде изградена врз основа на Божјиот напишан Збор како што Неговиот Дух ве води да направите во своите животи.
Како би ја опишале разликата помеѓу вера и глупавост? Што е тоа што го спречува некој да ја премине границата помеѓу овие две работи? Како верници, ние ја имаме привилегијата да ја знаеме Неговата насока за нас додека ја бараме молејки се. Тој е верен во тоа дека ке ни ја покаже вистината, ке ни ја даде Неговата насока за следниот чекор што треба да го превземеме. Всушност, да се биде уверен и потврден во тој следен чекор е критично за да останеме балансирани додека трагаме по животниот стил заштитен од штитот на верата.
Откако јасно ја познаваш Божјата вистина или ветување во тој контекст, време е да продолжиш понатаму на прикладен начин. Слушај внимателно—твоите чувства никогаш нема да бидат крајниот одлучувачки фактор за твоите дела. Чувствата се менуваат и се предмет на надворешно влијание. Делата во вера мора да бидат прицврстени во нешто по солидно и фиксно. Нашиот Бог е вистинит и вреден да го следиме. Тој е секогаш таму—надминувајки ја Сатаната во сила—да ги слушне нашите загрижени молитви, да ги потврди Неговите безстрашни ветувања, и достави следната светлина потребна за да чекориме мирно во Негова насока.
Војници, ставете ги штитовите. Чекориме во вера.
За повеќе од овие изучувања, вклучително и видеото од авторот Присила Ширер, посетете ја lifeway.com/armorofgod.
Свето Писмо
Опис за овој план

Секојдневно, невидлива војна беснее околу тебе—невидлива, нечујна, сепак почувствувана низ твојот живот. Посветен, ѓаволски непријател пробува да направи неред во се што ти значи: твоето срце, твојот ум, твојот брак, твоите деца, твоите соништа, твојата судбина. Неговиот воен план зависи од тоа дали ќе те фати не свесен или не вооружен. Доколку си изморен од тоа да си туркан наоколу и фатен со спуштен гард, оваа учење е за тебе.
More
Слични Планови

Живеј живот со цел!

Ти имаш молитва!

Што е вистинска љубов?

Отстапи го на Бога првото место

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Твојата најдобра инвестиција!

Живеј со сила и храброст!

Пет молитви на понизност

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово
