Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Божјиот штитПримерок

The Armor of God

2 ДЕН ОД 5

Павле не бараше во молитва од верниците во Ефес во изобилство да го примат наследството на духовни богатства, благослови, моќ, и авторитет, туку да разберат дека е нивно. Како Христијани, тие веќе ги поседувале овие нешта, исто како и ние. Но што добро може да излезе од тоа додека да разберат дека е така? 



Во реалноста, духовниот штит кој го опишува во Ефесјаните 6 е само повторување на—различниот начин на опис—на она што Павле објаснува во првиот дел од неговото писмо. Како може тие да “понесат” или “употребат” нешта за кои не знаат дека ги поседуваат? Првиот чекор за нив—првиот чекор за нас—во употреба на духовните ресурси кои ни се дадени е да ги отвориме духовните очи за да можеме да ги видиме. 



Приказната за Елисеј и неговиот слеп слуга во 2 Цареви 6 е апсолутно една од моите омилени приказни во Библијата. Темата е настанувањето на војна меѓу разлутениот Арамејски цар и нацијата на Израел. 



Слугата на Елисеј се изнагледа. Прво, тој можеше да го види само непријателот, кој очигледно му предизвикал само страв и анксиозност. Но веднаш потоа се промени играта и стана свесен за духовната реалност: располагаше со многу повеќе и повеќе нешта работеа во негова корист од колку што можеше да замисли. Она кое неговите физички очи можеа да го видат не се споредуваше со она кое не можеа да го видат. Молитвата на Елисеј му помогна да стане свесен за сите ресурси и сила кои беа на негова страна додека се бореше со непријателот. 



Да се биде самоуверен и победник, мора да бидеш способен да го “видиш”. 



Во Ефесјаните 1, Павле акцентира само неколку дарови кои Бог ни ги дал. Има многу повеќе, и секој еден од нив е поврзан специфично со твојот духовен штит и оружје. Првата клучна работа да се разбере е како сите тие ја надоградуваат твојата способност да ја потиснеш визијата на непријателот. Неможеш да ги употребуваш доколку не си способен комплетно да ги препознаеш, доколку не си свесен за нивната достапност и нивната важност во успешната борба против непријателот. 



Тука започнува победата. Започнува денес. Започнува со молитва за визија. Па придружете му се на Павле во барањето до Господ да ги отвори вашите очи целосно, не само за да можете да ги видите активностите на вашите непријатели, туку и да бидете целосно свесни за она што Бог ви дал на располагање за да го разоружате непријателот и да го победите во вашиоте животи.


Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

The Armor of God

Секојдневно, невидлива војна беснее околу тебе—невидлива, нечујна, сепак почувствувана низ твојот живот. Посветен, ѓаволски непријател пробува да направи неред во се што ти значи: твоето срце, твојот ум, твојот брак, тво...

More

Би сакале да се заблагодариме на Лајфвеј Вумен што го овозможија овој пла. За повеќе информации, посетете ја: https://www.lifeway.com/en/product-family/armor-of-god?vid=armorofgod

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност