Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Божјиот штитПримерок

The Armor of God

4 ДЕН ОД 5

Во историјата на војување, една од тактичките практики дизајнирани за максимално вознемирување било припремање на изненадни напади употребувајки огнени стрели. Овие стрели, со запалени врвови, би се движеле преку воздухот до наменетата цел (на пример, конвој од вагони и шатори во воен камп), палејки сè. 



И, човек, тоа беше ефективно. Доколку доволен број на вакви стрели погоделе во тие мети, цела бригада на војници би била зафатена да го изгаси огнот пред да изгори сета нивна опрема и намирници. Дефокусирани од огнот, луѓето станале ранливи со тоа што постанале преокупирани, премногу дефокусирани за да се справат со било каков последователен напад од кој нивните непријатели кои доаѓаат го планираат следно. 



Примарната цел на огнените стрели не беше да убијат; тие биле наменети да одвлечат внимание. 



Твојот непријател сака да ти го одвлече вниманието, сестро. За да може да те ослепи. И слушај ме—тој не ги пука овие стрели неселективно. Тој има скроено своја стратегија. Тој ги изучувал твоите тенденции и навики, твоите најдлабоки стравови и слабости, и нишани точно кон тие цели. Тој знае дека неможе да те уништи. Ти си вечно безбеден со Исус. Но тој има комплетна намера да ти го одвлече вниманието со тоа што подметнува било колку внатрешни огнови во твојот живот—како несигурност, застрашување, анксиозност, грижа или зафатеност. Тој сака да бидеш дефокусиран додека се приближува од позади грб. 



Во Ефесјаните 6, Павлe пренесува дека појасот, панцирот, и кондурите се како духовна униформа која треба верниците да ја носат во секое време. Во секоја минута. Во секојневието. Но тој заповеда да го превземеме и штитот на верата. 



Може на ова да гледате вака: Медицинската сестра носи мантил на работа секој ден бидејки тоа е нејзината униформа. Но кога ќе се појави потреба, таа ќе го земе стетоскопот, апаратот за мерење притисок, или било кои други алатки за да ги употреби за нејзиниот пациент. Исто така, ние мора да ја носиме секојдневно нашата света униформа, но бидете спремни да ги земеме останатите кога е потребно. 



Првиот од сите делови на штитот е штитот на верата. Во моментот кога ќе почувствуваме огнена стрела да се инфилтрира во нашите животи на некој начин, ја активираме верата како штит за заштита на нашите животи. 



Не ја промашувајте иронијата тука. Непријателот испраќа огнени стрели во вашиот живот специфично кога сте повикани да чекорите во верата. Овие стрели се намерно наменети да ве оневозможат да го правите она кое има моќ да ги изгаси: да чекорите во вера! Верата прави огнените стрели да се скршат. 



Што е тоа што Бог те тера да правиш? Направи го! Во вера.


Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

The Armor of God

Секојдневно, невидлива војна беснее околу тебе—невидлива, нечујна, сепак почувствувана низ твојот живот. Посветен, ѓаволски непријател пробува да направи неред во се што ти значи: твоето срце, твојот ум, твојот брак, тво...

More

Би сакале да се заблагодариме на Лајфвеј Вумен што го овозможија овој пла. За повеќе информации, посетете ја: https://www.lifeway.com/en/product-family/armor-of-god?vid=armorofgod

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност