Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Колосјаните 3 | Создадени по Неговиот лик
Здраво и добредојдовте повторно. Денес започнуваме со прашањето: дали со следбеништвото доаѓа и создавање на нови навики или создавање нов идентитет? Дали станува збор за различен начин на живеење или само да се биде различен? Одговорот е дека двете работи се точни, но важен е редоследот по кој ги изјавуваме.
Павле објаснува во Колосјаните 2-ра глава дека Исусовото следбеништво не подразбира сет од правила по кои треба да се водиме во животот туку претставува нов живот со тоа што го закопуваш старото и продолжуваш одново. Во денешната 3 глава нѝ кажува како да го живееме тој нов живот. Стих 1:
"И така, ако воскреснавте со Христа, барајте го она што е горе - каде што Христос седи оддесно на Бога. Мислете за она што е горе, не за она што е на земјата"
Клучот е во тоа да го бараме со сето срце и ум тоа што е горе, да мислиме на Исус, да мислиме на рајот и да насобираме богатства за во тој свет, да инвестираме во рајот и секогаш кога ќе се обесхрабрите да го свртите вашиот поглед нагоре. Стих 3 вели:
"зашто вие умревте и вашиот живот е сокриен со Христа во Бога!"
Ми се допаѓа овој дел, “вашиот живот е сокриен“. Луѓето ќе се прашуваат што е тоа што те прави да бидеш полн со живот, а тоа е Исус, Тој е твојот живот.
Во остатокот од главата зборува за една работа: стариот живот да заврши и да започне новиот. Стих 5 кажува:
"И така, умртвете ги своите членови што се на земјата: блудството, нечистотата, страста, лошата желба и лакомството, што е идолопоклонство"
Обратете внимание што кажува, дека христијаните не престануваат да прават лоши работи со тоа што почнуваат да следат некои правила, туку преку сузбивање на делот од нас што нѐ тера да сакаме да бидеме лоши. Во стих 8 продолжува:
“...отфрлете го и вие сè ова: гневот, јароста, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста."
Да се сопре гревот е потешко од што изгледа, затоа сакам да ви предложам две работи: прво, проучете ги 6-та до 8-ма глава од Римјаните каде што ќе видите дека клучно е да бидете исполнети со Светиот Дух за да можете да го постигнете ова.
Како второ, започни со една здрава навика за исповедање на гревовите пред Бог и пред некој на кого му веруваш. Во Јаков 5-та глава пишува:
“исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила." (Јаков 5:16 Mkb).
Закрепнувањето од гревот започнува со исповедање и молитва.
Сега назад во Колосјаните, во 9-тиот стих пишува:
"Не лажете се еден друг, зашто го соблековте стариот човек со неговите дела и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал."
Ова е суштината, да се облече новиот човек, да бидеш нова обновена личност од Бог кој постојано те преправа да наликуваш на Него. Во Создавање 1-ва глава, Бог го создаде човекот според Неговиот лик, но таа сличност со Него беше растурена во моментот кога настапи гревот. Затоа дојде Исус, кој го претставува Божјиот лик. Тој дојде како човек за да нѝ даде нов живот и да не направи послични на Него, обновени во ликот кој треба да го имаме.
Ова ја прави разликата. Во 11-тиот стих се порамнуваат разликите во човештвото - расните поделби, поделби врз основа на боја на кожата, полот и животниот статус кој го водат човекот до омраза, потиснување и војни. Во Галатјаните 3-та глава пишува,
"Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса." (Галатите 3:28 Mkb).
Значи сите сме еднакви во очите на Бог. Нашиот повик е да живееме во единство, а христијаните многу долго време имаат неуспех на ова поле иако тоа е нашиот повик.
И Павле нѝ дава пример за тоа како треба да изгледа овој нов живот, полн со...
“…сочувство, милост, понизност, нежност и трпение."
Со други зборови, третирај ги луѓето на истиот начин на кој ги третираше Исус, простувај како што Бог нѝ опрости нам и најмногу од сѐ - љуби. Ако го следиш Исус тогаш значи дека љубиш.
Повикани сме во мир, затоа дозволи Христовиот мир да завладее во твоето срце. Повикани сме на единство, затоа служете си понизно еден на друг. Можеби ќе приметиш дека зборовите кои го опишуваат новото што дојде во тебе всушност укажуваат на начинот на кој треба да се однесуваме према луѓето, што значи дека твојата обнова делува врз тоа како ти се однесуваш према луѓето. Затоа служете си еден на друг во љубов. Тоа е следната нова навика која треба да се создаде: да се служи на луѓето.
Во 18-тиот стих пишува дека твоите врски со домашните и на работа ќе се обноват и бракот ќе добие нова динамика:
"Жени, покорувајте се..." и "Мажи, љубете..." (3:18-19).
Гледајте ги будно овие зборови и сетете се на тоа што го прочитавме во Галатјаните: мажите и жените се еднакви пред Господ и се повикани да бидат покорни и да се жртвуваат, што не е исто со тоа да бидат послушни еден према друг туку да покажуваат почит преку нивните дела и самоволно да се даваат и соработуваат едни со други. Покорноста е резултат на великодушната понизност, почит и чест, што воедно претставува најважниот повик во животот на една жена христијанка.
Мажите се повикани да љубат. Не само со чувства, туку вистински да се жртвуваат, да љубат како Исус, да го положат својот живот за невестата. Со други зборови, жената се предава себеси, додека мажот дава сѐ. За повеќе детали на оваа тема прочитај во Ефесјаните 5-та глава и 1 Петар 3-та глава.
А денес прочитај ја целосно Колосјаните 3-та глава и започни со создавање на нови навики - Библиска навика, навика за исповедање, навика за служење, не со цел да станеш нова личност туку да делуваш на овој начин поради тоа што си нова личност. Ти си создаден по Неговиот лик.
За размислување и дискусија
- Како го разбираш тоа да се соблече стариот човек и да се облече новиот? (Стихови 9-10).
- Какви промени приметуваш во својот живот кои укажуваат на твојата “обнова“ во ликот на твојот Создател? (Стих 10).
- Денес започнавме со две нови навики: исповедање и служба. Што мислиш, зошто се овие две работи важни?
Свето Писмо
Опис за овој план

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!
More
Слични Планови

Што е вистинска љубов?

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Ти имаш молитва!

Твојата најдобра инвестиција!

Живеј живот со цел!

Библија за деца

Пет молитви на понизност

Отстапи го на Бога првото место
