Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Колосјаните 1:19-2:5 | Читај
Здраво на сите уште еднаш. Денес ќе зборуваме за Библијата и здравите навики поврзани со неа. Всушност преку Библијата Бог нѝ зборува, затоа читањето на Библијата е навика која нѝ е потребна за да се одржуваме на прав пат како следбеници на Исус. Веројатно низ годините имаш сретнато луѓе кои велат дека го следат Исус, но нивниот живот не ја потврдува оваа изјава. За жал, ова се случува често, но прашањето е како ние да го живееме животот правилно?
Библијата е прекрасна книга и во неа ќе го најдеме одговорот на ова прашање. Верувам дека во текот на нашето дружење тука имаш приметено дека разговорот е втемелен врз основа на Библијата. Тука можеме да прочитаме за разни епски приказни, одлични херои, длабока мудрост, водство во животот и многу повеќе што ќе нѐ одржува приземјени и ќе нѝ биде темел на вистината во овој збунет свет. Во светот постојат премногу лаги за Библијата - дури и за Исус - но Библијата нѐ држи до вистината и нѐ упатува на правиот пат до вистинскиот Исус.
Добро, ајде сега да се вратиме од таму каде што застанавме вчера, Колосјаните 1 кај потсетувањето за тоа кој е Исус. Продолжуваме со стих 19:
“зашто во Него благоволи да се всели сета полнота, и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото”
Ова е јако. Да се всели сета полнота во Исус и да нѐ измири нас преку себе.. Да ја измири значи да ја исправи кривата или лошата врска за да бидеме во мир со Бог...
"...творејќи мир преку крвта на Неговиот крст." (1:20).
Исус те оправда пред Бог, а Павле сака да продолжиш да бидеш праведен пред Бог, затоа те поттикнува на тоа...
"...да останете во верата засновани и цврсти и непоколебливи во надежта на Евангелието" (1:23).
Зошто Павле го кажува ова? Поради тоа што црквата на Колосјаните била преплавена со лажно поучување за Исус. Навлегле измамници во неа и затоа Павле ѝм пишува за да останат втемелени во вистината. Потоа во 25 стих вели:
"црквата на која јас и станав служител, според Божјото управителство, што ми е дадено за вас, за да го исполнам Божјото слово”
Бог го задолжил Павле да ѝ служи на црквата со тоа што ќе го проповеда целосно Божјиот Збор, што значи Библијата во целост. Многу често ќе слушнете како лажните учители ја цитираат Библијата со тоа што земаат еден стих и го извртуваат и вадат работи надвор од контекст, затоа читајте си ја Библијата за да можете да ги препознаете лагите.
Доколку имаш проблем да разбереш нешто од Библијата, тука се на располагање добрите учители кои Бог нѝ ги дал за да објаснат и помогнат при примена на Библиските принципи во пракса, но запамти дека учителот не треба да ти биде замена за Библијата туку само помош за да ја разбереш.
Во Колосјаните, лажните учители кажале дека вистината е полна со мистерии кои не можеш да ги разбереш, затоа Павле кажува дека Бог е Тој кој ни ја открива тајната. Во стих 27 пишува дека тајната е
"...Христос во вас, надеж на славата."
Тоа е вистинската тајна. Во Библијата станува збор за Исус што значи дека тајната да живееш за Бог е откриена кога “Христос е во тебе“. Тој нѐ води од внатре преку моќта на Светиот Дух. Сѐ е поврзано со Исус. Затоа во стих 28 Павле пишува,
"Ние Го проповедаме Него, опоменувајќи го секој човек и учејќи го секој човек во сета мудрост... .”
Поучувањето е важно бидејки помага да се разбере Библијата, а доброто Библиско поучување е проповедање кое е поврзано со Исус. Само ако фокусот е поставен на Исус, а основата на поучувањето е од Зборот Божји може да препознаеме дека поучувањето е добро.
Во 2 глава Павле раскажува за тоа која е целта на поучувањето:
"за да се утешат нивните срца и соединети во љубовта да дојдат до сето богатство на полната уверност на разбирањето, до познавањето на тајната на Бога, и на Христа.”
Значи Павле сака да ја разбереш Библијата бидејки тоа те носи до спознавање на Исус. Иако Библијата е полна со мудрост и знаење, во 3 стих нѐ потсетува дека во Исус можеме да ги најдеме "сите богатства на мудроста и на знаењето".
Тогаш како да останеме на прав пат? Како да се осигураме дека го следиме вистинскиот Исус? Читај ја Библијата и слушај добро Библиско поучување.
Постојат неколку основни навики во следбеништвото.Првата е здрава навика за читање на Библијата. Знаеш, читањето на Библијата не претставува чекор до рајот само по себе, ниту пак е начин на кој ќе заслужиш поголема љубов бидејки Тој веќе има перфектна љубов за тебе, но дефинитивно ќе те доближи поблизу до таа љубов и ќе ти помогне да разбереш како да живееш во таа љубов. Тоа не треба да биде нешто веќе направено, туку нешто што се прави тековно. Запамти дека Божјиот Збор е семе - кое засадува живот во твоето срце, затоа сади повеќе и секојдневно!
Се прашуваш како да започнеш да ја градиш оваа навика? Доколку сеуште го следиш овој план, веќе го правиш тоа, затоа продолжи секојдневно да одвојуваш време за читање и молитва и секако, прочитај ја сега целата глава од Колосјаните па ќе продолжиме со 2 глава.
Гледаш? Лесно беше да започнеш една навика.
За размислување и дискусија
- Каква улога имаат навиките во твојот живот? Што сметаш дека е неопходна навика во твоето следбеништво на Исус?
- Авторот кажува дека, “Библијата нѐ поттикнува да чекориме во вистината и да го следиме вистинскиот Исус.” Зошто мислиш дека читањето на Библијата нѐ поттикнува на ова?
- Какво е твоето искуство со читање на Библијата? Сподели го твоето размислување.
Свето Писмо
Опис за овој план

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!
More
Слични Планови

Твојата најдобра инвестиција!

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Пет молитви на понизност

Што е вистинска љубов?

Живеј со сила и храброст!

Отстапи го на Бога првото место

Живеј живот со цел!

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Библија за деца
