Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Start Here | First Steps With Jesus

12 ДЕН ОД 15

Колосјаните 2 | Задржи го правецот

Добредојдовте повторно другари. Денес добиваме предупредување за измама. Во Колосјаните 2:4 пишува, 

"А ова го велам за да не ве измами некој со убедувачки зборови." 

Јас лично мразам кога ме лажат, сепак измамите - лажните или неупатени поучувачи - понекогаш може да звучат како да се во право, но ти не ѝм дозволувај да те измамат и да те однесат во погрешна насока. Дали се имаш некогаш возено со автобус кој се движи во погрешна насока или уште полошо како што ми се случи на мене да свртам на погрешна кривина за време на маратонот од 5км за на крај да завршам уште подалеку од крајната цел? Во вакви моменти повеќе не е важно колку си брз поради тоа што се движиш во погрешна насока! Истото ова може да нѝ се случи и на духовно поле.

Додека Го следиме Исус мора да останеме на вистинскиот пат кој води во правилна насока, а правилниот начин за како да го постигнеме ова е само доколку Го следиме. Тој е патот. Ова можеби делува очигледно, но некогаш се случува да застраниме или уште полошо да бидеме измамени. Затоа треба да го читаме Божјиот Збор за да се одржуваме на правиот пат. Колосјаните 2:6 вели:

"И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него" 

Ми се допаѓа идејата да започнеш со Исус и да останеш со Него до крај. Лажните учители ги оттурнуваат верниците од едноставноста во следбеништвото на Исус или од тоа да бидат Негови следбеници. Затоа продолжи да одиш во Него, како во стих 7, 

"...вкоренет и наѕидан во Него." 

Размисли, кога садиш некое дрво, обично го врзуваш стеблото за некоја потпора за да расте правилно додека е мало. Некои луѓе го користат Исус како таква потпора, а кога ќе пораснат доволно го тргаат настрана. Ти не го прави ова, бидејки Тој е твојот корен, а корењата даваат прихрана за раст и не држат приземјени во бурни времиња. Тој е виното, а ние сме гранките. Ние сме вкоренети и изградени во Исус, затоа Павле нѐ предупредува да не станеме заложници на “празната и лажна филозофија“ која не е вкоренета во Исус. Стих 9: 

"Зашто во Него живее сета полнота на Божеството"

Неверојатно. Полнота на Божеството во тело, тоа е Исус. Полнота - не е само мал дел туку е 100 проценти. Во стих 10 следи: 

"...и вие сте исполнети во Него"

Со други зборови, Исус е целосно Бог, па кога си вкоренет во Него, постануваш целосната личност која Бог замислил да бидеш.

Значи лажните учители ги одбивале Христијаните преку поучувањето дека Исус е делумно Бог, и наместо да го следат Исус тие се фокусирале да следат некакви правила. Тие кажале дека ти треба да правиш некои работи за да одиш во рајот, работи запишани во стариот завет како на пример обрезување. 

Добро, доста е кикотење. Обрезувањето претставува физичка манифестација со духовното значење. Преку отсекување на дел од телото се покажува како Господ ја отсекува нашата грешна природа, но физичкото обрезување е наменето за евреите и никогаш не било наменето за сите христијани. Како и да е, лажните учители инсистирале да бидат обрезани сите машки христијани и луѓето да го следат Исус според еден куп правила кои укажуваат на тоа што е дозволено и што не е дозволено да се прави како и да се трудат да бидат добри. Сепак Павле вели дека Исус ја заврши нашата работа со тоа што го отсече нашето тело во духовна смисла, не во физичка. 

Потоа во 12 стих го спомнува крштевањето каде што вели дека доколку му припаѓаш на Исус, Тој те повикува на крштевање. Крштевањето само по себе не е дело кое ќе те донесе до спасение туку нешто што го правиш како последица на тоа што Исус те спаси. После крштевањето ние се идентификуваме како Христови: мојот претходен живот умре со Исус на крстот и Неговото воскресение ми донесе нов живот, што значи дека крштевањето претставува погребување - во вода, и воскресение - излегување од вода. 

Преку тој нов живот покажуваме како е да се биде Исусов следбеник. Старото замина. Ние не ги отплаќаме нашите гревови преку дела. Во 13 стих пишува дека Исус 

"...ни ги простува сите наши престапи." 

Тој го покри целиот наш долг и нема што повеќе да се плати. Твојот грев повеќе нема власт над тебе. 

Поради ова, да се следи Исус не значи дека треба да следиме некој сет од правила. Во 16 стих вели дека не станува збор за тоа "што ќе јадеш или пиеш," или да се посетуваат некои "религиозни фестивали" или за Саботата. Овие работи беа важни да се почитуваат во Стариот Завет, но во стих 17 објаснува дека сите тие правила претставувале...

"...сенка на она што ќе дојде, а стварноста е Христос." 

Сенките се корисни - тие се предзнак за тоа што следи, но Павле вели дека реалноста - суштината "ја имаме во Христос."

Исус е најдоброто нешто. Сите правила и традиции биле само сенка. 

Кога ќе се најдеме заплеткани во правила како - "Ти мора да го славиш, ти мора да се молиш" - го претвораме славењето во нешто кое создава чувство на вина. Потоа додаваме повеќе правила како во стих 21, 

"Не фаќај! Не вкусувај! Не допирај!" 

Павле вели дека овие правила наликуваат "на мудрост," но не функционираат. Невозможно е да се направиш добар преку почитување на ригорозни правила или присилно славење. Животот не е листа со правила за следење. 

Слушај ваму, кога го следиме Исус, има многу нешта кои сме ги правеле, но не ги правиме повеќе, не поради наметнување на некакви нови правила туку поради тоа што сме обновени и живееме нов живот вкоренет во Исус и исполнет со Светиот Дух кој нѝ помага да го напуштиме гревот и да живееме праведно. Тоа не е само некаква сенка туку е реалност.

Следење на правила создава чувство на вина додека да го следиш Исус создава чувство на милост. Прочитај ја втората глава од Колосјаните и осигурај се дека се движиш во правилната насока.

За размислување и дискусија

  • Павле вели да продолжиме во Исус така како што започнавме. Дали можеш да приметиш кои работи ти го одвлекуваат вниманието или те носат во погрешна насока додека го следиш Исус? 
  • Во што се разликува следбеништвото на Исус со следењето на правила и прописи? (Читај 2:16-17)
  • Дали твоето искуство од следбеништвото досега наликува на чувство на милост или чувство на вина? Сподели го твоето мислење.

Свето Писмо

Ден 11Ден 13

Опис за овој план

Start Here | First Steps With Jesus

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!

More

Би сакале да се заблагодариме на Тру д Ворд што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://throughtheword.org/