Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Марко 16 и Лука 24 | Воскреснат
Здраво уште еднаш. Минатиот пат застанавме пред крстот, а денес е голем ден поради тоа што Исусовата смрт е потврдена. Тие го обвиткале во платно, го однеле во гробот кој го затвориле со еден голем камен и пред него поставиле Римски стражари да го обезбедуваат. Поминале два дена во кои евреите одмарале за време на Саботата и сѐ започнало во Неделата наутро.
Марко 16 глава започнува веднаш после изгрејсонцето кога неколку од жените се мислеле како да го помрднат каменот за да однесат миризливи тревки во гробот во чест на починатиот. Во стих 4 пишува:
“И кога погледаа, видоа дека каменот е одместен. Имено, беше многу голем. А кога влегоа во гробот, видоа младич во долга бела облека, како седи оддесно и се зачудија. Но тој им рече: „Не бојте се!”“. Вие Го барате распнатиот Исус Назареецот. Воскресна! Не е тука! Еве го местото, каде што Го положија. Туку одете и кажете им на Неговите ученици, и на Петра; дека ‘Тој отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви рече.’”
Во стих 8 кажува дека жените ги опфати “страв и трепет.“ Без зезање. Тие очекуваа дека ќе видат мртво тело, а најдоа жив ангел кој им соопшти да одат да ја пренесат добрата вест на учениците. Што ли значи сето ова?
Дали може да кажеме дека ова е изненадно кога во стих 7 пишува “како што ви рече“? Исус зборуваше претходно со учениците кога ѝм кажа дека мора да умре и да воскресне, но понекогаш е многу тешко да ја прифатиме вистината. Пример, Петар сакаше да го разубеди Исус да не го прави ова, а и учениците едноставно не можеа да разберат зошто Исус мораше да умре?
Приказната за воскресението е опишана во сите четири евангелија, а во секое од нив е споделена приказната од различен аспект, затоа, ајде да се префрлиме во Лука за да дојдеме до одговорот на ова прашање. Лука 24:13:
“И ете, во истиот ден, двајца од нив одеа во едно село, наречено Емаус, оддалечено шеесет стадии од Ерусалим, и разговараа меѓу себе за сите овие настани. И додека тие разговараа и се запрашуваа, Сам Исус им се приближи и одеше со нив. Но на нивните очи не им беше дадено да Го препознаат. И им рече: „Какви се тие зборови што ги водите патем меѓу себе и зошто сте нажалени?”“
Ова е феноменална приказна за двајцата ученици што одат разочарани од смртта на Исус, без да можат да најдат некаква смисла, и во тој момент се појавува некој странец што ги прашува за што поточно зборуваат, по што почнуваат да му раскажуваат за Исус дека бил “пророк, кој зборувал добро и правел моќни и добри дела пред Бог и за луѓето“, но го распнале на крст и умрел. 21 стих кажува,
“Но ние се надевавме дека Тој е оној...”
Се надевале. Но исто така му кажаа на човекот за новоста која ја добиле од жените кои биле да го посетат гробот и сега збунети, не знаат што да мислат и така целиот разговор се одвивал без тие да знаат дека целиот овој разговор го прават со Исус! Во стих 25 гледаме:
“И Тој им рече: „О неразумни и спори во срце, за да верувате во сè што рекле пророците! Не требаше ли Христос да го претрпи тоа, и да влезе во Својата Слава?” И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишано за Него во целото Писмо.”
Каква убавина, Исус споделува една вечна порака и мафта со целата Библија пред нив за да ѝм покаже дека отсекогаш се знаело дека ќе дојде до распнување на крстот и воскресение. Но зошто морало да умре Месијата?
Ова е прашањето кое нѐ носи до сржта на приказната: поради љубов. Поради тоа што Бог нѐ љуби.
“По тоа ја познавме љубовта, што Тој го положи својот живот за нас.” (1 Јован 3:16).
Исус мораше да умре поради тоа што нѐ љуби, за да нѝ биде простено. Во Римјаните ова е објаснето на овој начин:
“Платата што ја дава гревот е смрт” (Римјаните 6:23).
Тоа значи дека ние заслужуваме смрт поради сите наши гревови пред Бог, но Тој нѝ даде живот кој ние успеавме да го злоупотребиме и искористиме на погрешен начин. Праведна казна за ова би било смрт, но Бог нѐ љуби толку многу што го даде својот единороден Син на крстот наместо нас. На крстот беше ставен Исус - иако безгрешен - за да го понесе целиот наш грев, да ја плати цената и умре наместо нас.
Наместо смртта да биде крајот на приказната, Исус дојде за да ја победи смртта. Затоа Бог го воскресна од мртвите, а истата таа моќ која Го воскресна, е моќта која не подига нас и денес, Исус нѐ обновува што значи дека старото си оди и дојде новото.
Исто така земете го во предвид моментот на времето, Исус умре за нас додека ние сме грешни (Римјаните 5:8). Тој не чекаше ние да станеме добри, туку нѐ засака уште кога бевме лоши - кога бевме Негови непријатели. Тоа е многу сериозна љубов.
Оваа феноменална жртва и незамислива љубов е тоа што ја прави сета разлика. Ова е надеж за секој еден од нас и љубов која има сила да ги трансформира луѓето. Овие луѓе за кои ти зборував - кои љубат пожртвувано - не биле такви отсекогаш, но љубовта која го донесе Исус на крстот и таа моќ која го воскресна е сеуште жива и делува денес во животите на луѓето што е импресивно да се види.
Како можеме и ние да го доживееме ова? Прочитај во Лука 24, па ќе се видиме тука повторно за да продолжиме со Колосјаните.
За размислување и дискусија
- Зошто мораше Исус да умре на крстот?
- Римјаните 5:8 кажува дека Бог ја искажува Неговата љубов за нас преку ова, уште додека бевме грешни. Што ти значи таа љубов на тебе?
- Римјаните 8:11 кажува дека истиот Дух кој го подигна Исус од мртвите, нам нѝ дава нов живот. Дали го имаш ова искусено во твојот живот?
Опис за овој план

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!
More
Слични Планови

Живеј живот со цел!

Што е вистинска љубов?

Пет молитви на понизност

Живеј со сила и храброст!

Твојата најдобра инвестиција!

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Ти имаш молитва!

Отстапи го на Бога првото место

Библија за деца
