Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 8

8
За месото принесено како жртва на идолите
1 # 10,23; 13,4; Дела 15,29 А мислам дека за идоложртвуваното месо сите имаме знаење. Но, знаењето возгордејува, а љубовта надградува. 2#Гал 6,2Ако некој мисли дека нешто знае, тој сѐ уште не разбрал ништо онака како што треба да знае. 3#13,12; Гал 4,9Ако, пак, некој Го љуби Бога, Бог него го познава. 4#5 Мојс 6,4А за јадењето на идоложртвуваното месо, знаеме дека идолот не е ништо на светов и дека нема друг Бог освен Единиот. 5#Пс 135,2-3Бидејќи, дури и да има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу „богови“ и многу „господари“, 6#12,5-6; Мал 2,10; Јн 1,3; Рим 11,36; Ефес 4,5-6; 1 Тим 2,5сепак, ние имаме само еден Бог – Отецот, од Кого е сѐ, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ, и ние сме преку Него. 7#Рим 14,1-23Но ова знаење го немаат сите; бидејќи некои што сѐ уште имаат идолска свест, го јадат месото како идоложртвувано, а совеста им се осквернува бидејќи е слаба. 8#Рим 14,17; Евр 13,9Храната не нѐ приближува кон Бога. Ниту добиваме нешто ако јадеме, ниту нешто губиме ако не јадеме. 9#Рим 14,13.20Но внимавајте таа ваша слобода да не стане на некој начин препка за сла­бите. 10Зашто ако некој те види тебе, што имаш знаење, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи е слаб, да биде поттикната да јаде од идоложртвуваното месо? 11#Рим 14,15И поради твоето знаење ќе пропадне слабиот, братот за кого умрел Христос. 12И така, огрешувајќи се кон браќата и повредувајќи ја нивната слаба совест, вие грешите против Христос. 13Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема да ја­дам месо довека, за да не го соблазнам мојот брат.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се