1 Коринтјаните 8
8
За месото принесено како жртва на идолите
1 #
10,23; 13,4; Дела 15,29 А мислам дека за идоложртвуваното месо сите имаме знаење. Но, знаењето возгордејува, а љубовта надградува. 2#Гал 6,2Ако некој мисли дека нешто знае, тој сѐ уште не разбрал ништо онака како што треба да знае. 3#13,12; Гал 4,9Ако, пак, некој Го љуби Бога, Бог него го познава. 4#5 Мојс 6,4А за јадењето на идоложртвуваното месо, знаеме дека идолот не е ништо на светов и дека нема друг Бог освен Единиот. 5#Пс 135,2-3Бидејќи, дури и да има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу „богови“ и многу „господари“, 6#12,5-6; Мал 2,10; Јн 1,3; Рим 11,36; Ефес 4,5-6; 1 Тим 2,5сепак, ние имаме само еден Бог – Отецот, од Кого е сѐ, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ, и ние сме преку Него. 7#Рим 14,1-23Но ова знаење го немаат сите; бидејќи некои што сѐ уште имаат идолска свест, го јадат месото како идоложртвувано, а совеста им се осквернува бидејќи е слаба. 8#Рим 14,17; Евр 13,9Храната не нѐ приближува кон Бога. Ниту добиваме нешто ако јадеме, ниту нешто губиме ако не јадеме. 9#Рим 14,13.20Но внимавајте таа ваша слобода да не стане на некој начин препка за слабите. 10Зашто ако некој те види тебе, што имаш знаење, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи е слаб, да биде поттикната да јаде од идоложртвуваното месо? 11#Рим 14,15И поради твоето знаење ќе пропадне слабиот, братот за кого умрел Христос. 12И така, огрешувајќи се кон браќата и повредувајќи ја нивната слаба совест, вие грешите против Христос. 13Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема да јадам месо довека, за да не го соблазнам мојот брат.
Селектирано:
1 Коринтјаните 8: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: