1 Коринтјаните 7
7
Прашања и одговори за бракот
1А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена. 2Но, за да се избегне блудот, секој маж нека си има своја жена, и секоја жена свој маж. 3#2 Мојс 21,10Мажот нека ја извршува својата должност кон жената, а исто така и жената кон мажот. 4Жената не господари со своето тело, туку мажот; исто така и мажот не господари со своето тело, туку жената. 5#2 Мојс 19,15; 1 Сол 3,5Не лишувајте се еден од друг – освен по договор, за некое време, за да се посветите на пост и молитва, а потоа повторно бидете заедно, за да не ве искушува сатаната, поради вашето невоздржување. 6#2 Кор 8,8Но ова ви го велам како допуштање, а не како заповед. 7#Мт 19,11-12Зашто сакам сите луѓе да бидат како мене; но секој има свој дар од Бога – некој ваков, некој поинаков. 8А на неженетите и на вдовиците им велам: добро е за нив ако останат како мене. 9#1 Тим 5,14Но, ако не можат да се воздржат, нека стапат во брак; бидејќи подобро е да стапат во брак отколку да горат од страст. 10#Мал 2,16; Мк 10,11-12А на оние што се во брак им заповедам, но не јас, туку Господ: жената нека не се разделува од мажот, – 11а и ако се раздели, нека не се премажува, или, пак, нека се помири со својот маж, – а и мажот нека не ја остава својата жена. 12А на останатите им зборувам јас, а не Господ: ако некој брат има жена што не верува, но е согласна да живее со него, нека не ја остава; 13и ако некоја жена има маж што не верува, но е согласен да живее со неа, таа нека не го остава. 14Зашто мажот кој не верува се осветува преку жената која верува, и жената која не верува се осветува преку мажот; инаку и децата би ви биле нечисти, а сега се свети. 15#Рим 12,6; 14,19Но доколку некој што не верува сака да се раздели, нека се раздели; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто Бог нѐ повикал за мир. 16Зашто, од каде знаеш, жено, дека ти нема да го спасиш својот маж? Или од каде знаеш, мажу, дека ти нема да ја спасиш својата жена?
Живеј онака, како што Бог те повикал
17Само, секој нека постапува така како што му определил Бог, како што го повикал Господ. Така заповедам по сите цркви. 18#Гал 3,28; 5,2Повикан ли е некој што е обрезан? Нека не го крие обрезанието. Повикан ли е некој што е необрезан? Нека не се обрезува. 19#Рим 2,25-27; Гал 5,6; 6,15Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ. 20Секој нека остане во положбата во која е повикан. 21Повикан ли си како роб? Да не се грижиш; повикот ти е од поголема полза, дури и ако можеш да станеш слободен. 22#Ефес 6,6; Фил 1,16Зашто оној што во Господа е повикан како роб, станува Господов ослободеник; а и тој што е повикан како слободен, станува роб Христов. 23#6,20Скапо сте платени! Не станувајте робови на луѓе! 24#7,17Браќа, секој нека остане пред Бога во положбата во која е повикан.
Прашања кои се однесуваат за небрачни лица и вдовици
25За девиците, пак, немам заповед од Господ, но како некој што по молоста Господова е веродостоен, давам совет. 26Сметам дека заради сегашната неволја добро е за човекот да остане така како што е. 27Сврзан ли си со жена? Не барај развод. Разврзан ли си од жена? Не барај жена. 28Но и да се ожениш, нема да згрешиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам. 29#Лк 14,26; Рим 13,11Ова ви го велам, браќа, зашто времето се скусува; отсега, па натаму, дури и оние што имаат жена, нека бидат како да ја немаат; 30#1 Јн 2,15-17и оние кои плачат – како да не плачат; и оние кои се радуваат – како да не се радуваат; и оние кои купуваат – како ништо да не поседуваат, 31и оние кои се ползуваат од овој свет – како да не се ползуваат; зашто обликот на овој свет е минлив. 32#1 Сол 4,1А јас сакам вие да бидете безгрижни. Неженетиот се грижи за Господовото – како да Му угоди на Господ; 33а женетиот се грижи за световното – како да ѝ угоди на жената. 34#1 Тим 5,5Тука е разликата меѓу жената и девојката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господ, за да биде света и со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи – како да му угоди на својот маж. 35Ова ви го зборувам за ваша корист, не за да ве заплеткам, туку за да Му се посветите благообразно и непречено на Господ. 36Ако некој мисли дека е неприлично неговата девица да му остане таква во напредната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат. 37А оној што непоколебливо стои во срцето и не по нужност, туку имајќи власт над својата волја, во своето срце донел одлука да ја зачува својата девица, добро прави. 38Така, оној кој ќе ја омажи својата девица, добро прави; а оној што нема да ја омажи, подобро прави. 39#Рим 7,2Жената е врзана со закон додека ѝ е жив мажот; а ако умре мажот ѝ, таа е слободна да се премажи за кого сака, но само во името на Господ. 40#2 Кор 10,7Но, според моето мислење, поблажена е ако си остане така; а мислам дека и јас имам Божји Дух.
Селектирано:
1 Коринтјаните 7: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023