Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 9

9
Правата и должностите на апостолот
1 # 15,8 Не сум ли јас апостол? Не сум ли јас слободен? Не Го видов ли Исус Христос, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господ? 2#2 Кор 3,2-3Ако за други и не сум апостол, за вас, сепак, сум. Бидејќи вие сте печатот на моето апостолство во Господ. 3Ова е мојата одбрана против оние што ме осудуваат: 4Зар немаме право да јадеме и да пи­еме? 5Немаме ли право да водиме со себе сестра-жена, како другите апостоли, како браќата на нашиот Господ и како Кифа? 6#2 Сол 3,8Или само јас и Варнава немаме пра­во на издршка? 7Кој војувал некогаш на своја сметка? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот плод? Или кој пасе стадо, а не пие од неговото млеко? 8Зар го зборувам ова само по чо­вечки? Не го вели ли истото и Законот? 9#5 Мојс 25,4Бидејќи во Мојсеевиот Закон е на­пи­шано: „Не врзувај ја устата на вол што врши.“ Зар Бог се грижи за воловите? 10Или го вели тоа, главно, за нас? Да, тоа е напишано за нас; зашто, оној што ора, треба да ора со надеж, и оној што врши, да врши со надеж дека ќе го до­бие она на што се надева. 11#Рим 15,27; Фил 4,14.17Ако сме го посеале кај вас духовното, многу ли е, ако го ожнееме кај вас телесното? 12Ако други имаат право на дел од вашиот посед, тогаш немаме ли ние уш­те повеќе? Но ние не го користевме тоа право, туку сѐ трпиме за да не направиме некаква пречка на Христовото благовестие. 13#5 Мојс 18,1-3Не знаете ли дека оние што свеш­те­нодејствуваат, се хранат од свети­лиш­те­то, и дека оние што служат на жртвеникот, делат со жртвеникот? 14Така и Господ заповедал проповед­ни­ците на благовестието да живеат од благовестието. 15#2 Кор 11,10Но јас не ползував ништо од тоа; и не го напишав ова за така да биде и со мене. Зашто за мене е подобро да ум­рам, отколку некој да ми ја одземе пофалбата. 16Зашто, ако проповедам благовестие, тоа не е за моја пофалба: бидејќи тоа ми го налага должноста, а тешко мене ако не го про­поведам. 17#Ефес 3,2Ако доброволно го вршам тоа, то­гаш имам награда; а ако, пак, неволно – тогаш е тоа само извршување на служба што ми е доверена. 18А каква ми е наградата? Пропове­дајќи, да го предавам Христовото благовестие бес­платно, не ползувајќи го своето право од благовестието. 19Зашто, иако сум слободен од сите, им станав роб на сите, за повеќето од нив да ги придобијам: 20#Дела 16,3; 21,26за Јудејците станав Јудеец, за да придобијам Јудејци; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и тие под Закон; 21за оние што се без закон, станав како да сум без закон, иако пред Бога не сум без Закон, туку сум под Законот на Христос, за да ги придобијам и оние што се без закон. 22#Рим 14,1; 15,1За слабите станав слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сѐ, та на каков и да било начин да спасам некои од нив. 23А ова го правам поради благовестието, за да бидам соучесник во него. 24Не знаете ли дека на тркалиштето трчаат сите, но само еден добива награда? И вие тр­чајте така, за да ја добиете. 25#Фил 3,14; 2 Тим 2,5; 4,7-8; Јк 1,12; 1 Птр 5,4; Откр 2,10; 3,11Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив ве­нец, а ние – нераспадлив. 26Па сега, јас не трчам така, како без цел; ниту, пак, се борам како оној што удира по ветар, 27туку го истоштувам и го поробувам телото, за да не се случи, поучувајќи ги другите, самиот да бидам отфрлен.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се