Михеј 5:2-5
Михеј 5:2-5 MK2006
Затоа Тој ќе ги остави до времето додека роди онаа, која треба да роди; тогаш кај синовите Израелови ќе се вратат и нивните други браќа. Ќе застане Тој и ќе ги пасе со силата на Господ, со величието на името Господово, својот Бог и тие ќе живеат во мир, зашто тогаш Тој ќе биде велик до краиштата на земјата. И Тој ќе биде мирот. Кога ќе дојде Ашур во нашата земја и ќе стапи во нашето владение, тогаш ние против него ќе поставиме седум пастири и осум народни кнезови. Тогаш тие ќе ја завладеат земјата Ашурова со меч, и земјата на Нимрод со сабја, и Тој ќе нѐ избави од Ашур, ако дојдат во нашата земја и влезат во пределите наши.





