Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исход 2

2
Раѓањето и детството на Мојсеј
1 # 6,20; 1 Мојс 29,34; 4 Мојс 26,59 Еден човек од племето Левиево оти­де и си зеде жена од ќерките Левиеви. 2#1 Мојс 39,6; Дела 7,20-29; Евр 11,23-27Жената зачна и роди машко дете; па кога виде дека е многу убаво, го криеше три месеци. 3#1 Мојс 6,14Но, кога не можеше повеќе да го крие, зеде кошниче од трски го облепи со асфалт и смола; и, откако го стави детето во него, го однесе во трската крај реката. 4#15,20А сестрата негова застана подалеку, за да гледа што ќе стане со него. 5#7,15Ќерката, пак, фараонова слезе до реката, за да се капе, а и нејзините слу­гинки одеа покрај реката. Таа го забележа кошничето во трската, па испрати една од слугинките свои, да го донесе. 6А кога го отвори, виде дете; и тогаш детето заплака. Таа се смили над него и рече: „Ова е еврејско дете.“ 7Тогаш сестрата негова ѝ рече на фараоновата ќерка: „Сакаш ли да одам да викнам доилка Еврејка, да ти го дои детето?“ 8А фараоновата ќерка ѝ рече: „Оди!“ И девојчето отиде, и ја викна мајката на детето. 9Фараоновата ќерка ѝ рече: „Чувај го ова дете, и дој ми го; а јас ќе ти платам.“ И го зеде жената детето и го доеше. 10#1 Цар 1,20; 2 Цар 22,17; Дела 7,21А кога детето порасна, го одведе кај ќерката фараонова, и таа го посини. И му стави име Мојсеј, велејќи: „Зашто од вода го извадив.“
Мојсеј бега во мидјанската земја
11 # Дела 7,23; Евр 11,24-27 По многу време, кога Мојсеј порасна, отиде меѓу браќата свои (синовите Израилеви), и ја виде маката нивна. И забележа како еден Египќанец бие Ев­реин – еден од браќата негови (синовите Израилеви). 12Се обѕрна на сите страни, и, кога виде дека нема никој, го уби Египќане­цот и го закопа во песокот. 13#1 Мојс 13,8; Дела 7,26Утредента излезе пак и виде двајца мажи Евреи како се тепаат и му рече на оној, кој беше виновен: „Зошто го биеш ближниот свој?“ 14#Дела 7,27.35А тој одговори: „Кој те постави тебе за старешина и судија над нас? Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што го уби (вчера) Египќанецот?“ Тогаш Мојсеј се уплаши и рече: „Значи, се разбрало за ова!“ 15#4,19; Дела 7,29; Евр 11,27И фараонот чу за ова, па сакаше да го погуби Мојсеј. Но Мојсеј избега од фараонот и отиде во мидјанската земја, и седна крај еден извор. 16#3,1; 18,1; 1 Мојс 24,11; 30,38А свештеникот мидјански, пак, има­ше седум ќерки (кои ги пасеа ов­ците на својот татко Јотор). И тие дојдоа и црпеа вода и ги наполнија по­илата, за да го напојат стадото на својот татко. 17#1 Мојс 29,10Но дојдоа овчари, и ги истераа, а Мојсеј стана и ги одбрани, им налеа вода и им го напои стадото. 18#4 Мојс 10,29Тие се вратија кај таткото свој Рагуил#2,18 Рагуил понатаму се именува како Јотор., а тој ги праша: „Зошто толку бргу се вративте денес?“ 19Тие одговорија: „Еден Египќанец нѐ одбрани од овчарите, дури ни извади вода и ни ги напои овците.“ 20А тој им рече на своите ќерки: „Па, каде е тој? Зошто сте го оставиле така тој човек? Поканете го да јаде со нас!“ 21#4,25; 18,2; 4 Мојс 12,1И Мојсеј реши да живее кај тој човек, а тој му ја даде на Мојсеј за жена својата ќерка Ципора. 22#18,3; 1 Мојс 23,4; Суд 18,30; Евр 11,13И таа (зачна и) роди син, и му стави име Герешом: „Бидејќи сум – рече – доселеник во туѓа земја.“ (И таа зачна и роди втор син, и му стави име Ели­езер, велејќи: „Бог на мојот татко ми е Помошник и ме избави од рацете фараонови.“)
Бог го определува Мојсеј да го води израилскиот народ
23 # 1,14; 3,7.9; 6,5; 4 Мојс 20,15-16; 5 Мојс 26,7; Суд 2,18; 1 Цар 12,8; Пс 5,1; Јк 5,4 А по многу време, умре египетски­от цар. А синовите израилски уште оф­каа од маките и викаа; и пискотот нив­ни од тешките маки дојде до Бога. 24#6,7; 32,13; 1 Мојс 9,1; 17,4; 22,16-18; 26,3; 28,13-15; 4 Цар 13,23; Ер 14,21; Пс 104,10.42И Бог го чу офкањето нивно, и се сети Бог на заветот Свој со Авраам, Исак и Јаков. 25#3,7; 4,31И Бог погледна на синовите израилски, и се смили над нив.

Селектирано:

Исход 2: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност