Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исход 3

3
1 # 2,16.18; 4,27; 17,6; 18,5; 19,2; 33,6; 5 Мојс 1,6; 3 Цар 19,8 Мојсеј го пасеше стадото на Јотор, тестот свој, свештеникот мидјански. Еднаш го одведе стадото далеку во пустината и дојде до Божјата планина Хорив. 2#19,18; 3 Цар 19,12; Мк 12,26; Лк 20,37; Дела 5,19; 7,30-35; 5 Мојс 33,16И му се јави ангел Господов во огнен пламен од средината на една грмушка. И виде тој, а тоа грмушката гори со оган, а не изгорува. 3#19,1-6И Мојсеј рече: „Да појдам да го видам ова чудо, зошто грмушката не изгорува?“ 4#4,5А кога Господ виде дека тој доаѓа да види, извика Господ од грмушката и рече: „Мојсеј, Мојсеј!“ А тој одговори: „Еве ме, Господи!“ 5#19,12; Ис.Н. 5,15; Дела 7,33А Тој рече: „Не приоѓај ваму. Собуј си ги обувките од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја.“ 6#6,2-13; 33,20; Суд 13,22; Ис 6,5; Јов 13,11; 23,16; Мт 22,32; Мк 12,26; Лк 20,37; Дела 3,13; 7,32И му рече: „Јас сум Бог на таткото твој, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.“ А Мојсеј го закри лицето свое, зашто се плашеше да погледне во Бога. 7#3,16; 1 Мојс 16,11; 1 Цар 9,16; Пс 105,44; Неем 9,9; Дела 7,34И Господ му рече (на Мојсеј): „Ги видов страдањата на народот Мој во Египет, и го чув пискотот негов од надзорниците. Позната ми е маката негова. 8#3,17; 13,5; 33,3; 1 Мојс 12,7; 15,18-21; 3 Мојс 20,24; 4 Мојс 13,28; 5 Мојс 6,3; 8,7-9; 11,9; 26,9; 27,3; Ис.Н. 5,6; 11,3; Суд 3,3; Ер 11,5; 32,22; Ез 20,6Па слегов да го избавам од рацете египетски, и да го изведам од таа земја и да го воведам во земја добра и пространа, во земја, каде што тече мед и млеко, во земјата на Хананците, Хитиј­ците, Аморејците, Перизијците, Евејци­те и Јевусијците. 9#1,14И еве, сега викотот на израилските синови стигна до Мене, и Јас го видов гнетот, со кој ги мачат Египќаните. 10#4,12; 6,13; 7,1-15; 12,41.51; 1 Цар 12,8; Пс 104,26; Дела 7,34А сега појди – Јас те испраќам кај фараонот, (египетскиот цар,) за да го изведеш од Египет народот Мој, синовите израилски.“
Бог му го открива Своето имена Мојсеј
11 # 4,10; 6,12.30; Суд 6,15; 1 Цар 9,21; Ис 6,5; Ер 1,6 Мојсеј, пак, Му проговори на Бога: „Кој сум јас, та да одам кај фараонот, и да ги изведам синовите на Израил од земјата египетска?“ 12#1 Мојс 26,3; Ис.Н. 1,5; Ис 7,14; Пс 85,17; Дела 7,7; Рим 8,31А Тој рече: „Јас ќе бидам со тебе, и еве ти знак дека Јас сум те испратил: Кога ќе го изведеш народот од Египет, ќе Му служите на Бога на оваа планина.“ 13#Суд 13,17А Мојсеј Му рече на Бога: „Еве, ќе појдам кај синовите израилски и ќе им речам: ‚Бог на татковците ваши ме ис­пра­ќа кај вас.‘ И ако тие ме прашаат: ‚како Му е името‘, што ќе им речам тогаш?“ 14#15,3; Ис 42,8; Јн 8,24-28.58; 17,6.26; Евр 13,8; Откр 1,8; 4,8Бог му одговори на Мојсеј, велејќи: „Јас сум Оној, Кој вечно постои!“ Па продолжи: „Така ќе им кажеш на си­новите израилски: ‚Оној, Кој вечно постои, ме испрати кај вас.‘“ 15#6,2-8; Ис 42,8; Ер 16,21; 33,2; Ос 12,4; Јоил 3,3; Пс 44,17; 82,18; 101,13; 134,13; 144,21И пак му рече Бог на Мојсеј: „Вака кажи им на синовите израилски: ‚Гос­под Бог на татковците наши, Бог Авра­амов, Бог Исаков и Бог Јаковов ме испрати кај вас. Ете тоа е името Мое вечно, и тоа е споменот за Мене од ко­лено на колено.‘ 16#4,29; 4 Мојс 11,16Оди и собери ги израилските старе­шини, и кажи им: Господ, Бог на тат­ковците ваши, ми се јави, Бог Авра­амов, (Бог) Исаков и (Бог) Јаковов, и ми рече: ‚Ве посетив и видов што ви се прави во Египет.‘ 17#3,8; 6,6; 5 Мојс 7,1-5И реков: ‚Ќе ве изведам од маките египетски во земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Перизијците, (Гергесејците,) Евејците, и Јевусијците, во земја каде што тече мед и млеко!‘ 18#4,1.8.23.31; 5,1.3; 6,11.12; 7,16; 8,20.27; 9,13; 10,9.26И тие ќе го послушаат гласот твој; а ќе отидеш ти и израилските стареши­ни кај (фараонот,) царот египетски, и ќе му речете: ‚Господ, Бог на Евреите, нѐ повика да појдеме на три дена пат во пустината, за да Му принесеме жртва на Господ, нашиот Бог.‘ 19#4,21; 11,9; 5 Мојс 4,34А Јас знам дека (фараонот,) царот египетски нема да ви дозволи да изле­зете, ако не го натера силна рака. 20#4,21; 6,1.6; 11,1.9-10; 12,31-33; 5 Мојс 3,24; 6,22; Ер 32,20; 51,25; Неем 9,10; Пс 71,18; 77,43; 134,9Но ќе ја пружам раката Своја, и ќе го притиснам Египет со сите Мои чудеса, што ќе ги направам таму; потоа ќе ве пушти. 21#11,3; 12,35-36И ќе му дадам милост на овој народ кај Египќаните, така што, кога ќе појдете, нема да појдете со празни раце. 22#11,2; 1 Мојс 15,14; Ез 39,10; Пс 104,37; 1 Езд 1,4.6; 7,16Туку секоја жена нека побара од сосетката своја и од онаа што живее во домот нејзин сребрени и златни предмети и облека; и ќе ги украсите со нив синовите ваши и ќерките ваши, и така ќе го ограбите Египет.“

Селектирано:

Исход 3: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност