По многу време, кога Мојсеј порасна, отиде меѓу браќата свои (синовите Израилеви), и ја виде маката нивна. И забележа како еден Египќанец бие Евреин – еден од браќата негови (синовите Израилеви). Се обѕрна на сите страни, и, кога виде дека нема никој, го уби Египќанецот и го закопа во песокот.