Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исход 1

1
Израилците – робови во Египет
1 # 1 Мојс 46,8-27 А овие се имињата на синовите Израилеви, кои дојдоа во Египет со Јаков; секој со своето семејство дојде. 2Рувим, Симон, Левиј и Јуда, 3Исахар, Завулон и Венијамин, 4#1 Мојс 35,25-26Дан и Нефталим, Гад и Асир. 5#1 Мојс 46,26; 5 Мојс 10,22И сите, кои произлегоа од Јаков, беа седумдесет (и пет) души, а Јосиф, пак, беше во Египет. 6#1 Мојс 50,26; Дела 7,15Потоа умре Јосиф и сите браќа него­ви, и сиот нивни род; 7#1,9; 1 Мојс 12,2; 5 Мојс 7,13; 26,5; Пс 104,24-25; Јудита 5,10-11; Дела 7,17-19; 13,17а синовите израилски се народија и се намножија, станаа многу, и се засилија многу, така што земјата се наполни со нив. 8Тогаш во Египет се зацари нов цар, кој не знаеше за Јосиф, 9#1,7; 1 Мојс 26,16и му рече на својот народ: „Еве, народот на синовите израилски е многу­броен и посилен од нас. 10#Пс 70,10; 83,3; 105,24-25; Дела 7,17-19Па ајде да ги надмудриме за да не се размножуваат; и, ако настане војна, да не се здружат со непријателите наши и да удрат на нас, па да си отидат од на­шата земја.“ 11#2,11; 1 Мојс 15,13; 47,11И поставија над нив надзорници над работите за да ги мачат со тешка работа. И тие му ги изградија на фараонот Питом, Рамзес (и Он, сега наречен Илиопол), градови – складишта. 12Но, колку повеќе ги мачеа, толку повеќе се множеа и се засилуваа така што Египќаните започнаа да се плашат од синовите на Израил. 13#5 Мојс 26,6Затоа Египќаните ги угнетуваа синовите на Израил со жестокост, 14#5 Мојс 26,6; Ис 14,3и им го загорчуваа животот со теш­ки работи со кал и со правење тули, и со разни полски работи, и со секаква друга работа, ги измачуваа немилосрдно.
Насилието на фараонот врз Израилците
15Освен тоа, царот египетски им заповеда на еврејските бабици, од кои на едната ѝ беше името Шифра, а на другата Пуа; 16#1,22и им рече: „Кога ќе бабувате кај Еврејките, и при породувањето, ако ви­дите дека е машко, убијте го, а ако биде женско, нека живее!“ 17#1,21; 1 Цар 22,17; Изреки 16,6; Дан 3,16-18; Дела 5,29Но бабиците се плашеа од Бога и не правеа така, како што им заповеда еги­петскиот цар, туку ги оставаа машките деца живи. 18А египетскиот цар ги повика баби­ците и им рече: „Зошто правите така и ги оставате машките деца во живот?“ 19А бабиците му одговорија на фара­онот: „Еврејките не се како еги­петските жени: зашто тие се јаки и пред да дојде бабицата, веќе родиле.“ 20#1,17; 1 Цар 2,35; 2 Цар 7,11.27-29; 3 Цар 11,38Бог беше добар кон бабиците и на­ро­дот се множеше и многу се засилуваше. 21И бидејќи бабиците се плашеа од Бога, Бог ги умножи нивните семејства. 22#1,16; Дела 7,19Тогаш фараонот му заповеда на целиот свој народ, велејќи: „Секое маш­ко кое ќе се роди кај Евреите, фрлајте го в река: само женските деца оставајте ги во живот.“

Селектирано:

Исход 1: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност