Псалми 96
96
ПСАЛМ 96
Господ е славниот Цар на народот
1 #
92,1; 95,10-11; 98,1 На Давид, кога се воспостави неговата земја.
Господ се зацари, нека се радува земјата,
нека се веселат островите многубројни.
2 #
84,10-13; 88,14; 95,6; 5 Мојс 4,11; 5,21; 2 Цар 22,12; Изреки 16,12; 24,5 Околу Него облак и примрак,
правдата и судот се утврдување на престолот Негов.
3 #
17,8; 49,3 Оган пред Него ќе претходи
и на сите страни ќе ги гори непријателите Негови;
4 #
76,18
Неговите молњи ја осветлија вселената,
земјата виде и се потресе.
5 #
21,14; 67,2; 96,7; Суд 5,5; Мих 1,4; Јудита 16,18 Од лицето Господово горите се истопија како восок,
од лицето на Господа на сета земја.
6 #
49,6
Небесата ја објавија правдата Негова
и сите народи ја видоа славата Негова.
7 #
95,5; 114,4-8; 134,15-18; Ис 1,29; 40,18-20; 41,5-6; 44,8-19; 46,4-6; Ер 2,27-28; 9,23-25; Авак 2,18-19; Посл 1,25.38 Нека се посрамат оние што се поклонуваат на изделкани ликови,
што се фалат со идолите свои.
Поколонете Му се сите ангели Негови.
8 #
47,11
Сион слушна и се развесели,
и ќерките Јудејски се зарадуваа заради судовите Твои, Господи.
9 #
82,18; 94,3; 95,4; 2 Лет 2,6 Зашто Ти си Господ Севишен над целата земја,
ненадминливо се надвиши над сите богови.
10 #
Амос 5,15; Изреки 2,9 Вие што Го љубите Господа,
мразете го злото.
Господ ги чува душите на своите светии,
од рацете на грешници ќе ги избави.
11 #
4,6; 35,9; 111,4; Ис 5,30; 9,1; 41,15; 57,9 Светлина му изгреа на праведникот
и на чесните по срце – веселие.
12 #
29,4; 31,11 Вие, праведни, веселете се во Господа
и славете го споменот на светоста Негова.
اکنون انتخاب شده:
Псалми 96: MAK2024PS
هایلایت
کپی
مقایسه
به اشتراک گذاشتن
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
Македонско библиско здружение 2024