Псалми 84

84
ПСАЛМ 84
Молитва за обновување на народот
1За крајот. Псалм за Кореевите синови.
2 # 52,6 Ти омиле, Господи, земјата Твоја;
ги врати назад заробениците Јаковови.
3Му ги прости беззаконијата на народот Твој,
ги покри сите гревови нивни.
4 # 77,38 Го стивна сиот гнев Свој,
се одврати од гневот на јароста Твоја.
5 # 79,3 Врати нѐ нас, Боже на спасенијата наши,
и одврати ја јароста Своја од нас.
6 # 78,5 Зар довека ќе се гневиш на нас
или ќе го простреш гневот Свој од поколение во поколение?
7 # Ис 43,4; 48,13-14; 53,6-7 Боже, штом ќе се завртиш, ќе нѐ оживееш
и народот Твој ќе Ти се зарадува.
8Покажи ни ја, Господи, милоста Твоја
и спасението Твое дај ни го.
9Ќе слушам што ќе говори во мене Господ Бог,
зашто ќе говори за мир на народот Свој,
и на светите Свои и на оние што срцето го обраќаат кон Него.
10 # 2 Мојс 24,16; Ез 11,23; 42,2; Јн 1,14 Но спасението Негово е блиску до оние што се бојат од Него,
за да ја насели славата во земјата наша.
11 # 88,14; 96,2 Милоста и вистината се сретнаа,
правдата и мирот се бакнаа.
12 # Ис 45,8 Вистината изгреа од земјата
и правдата од небото погледна.
13 # 66,6; Ис 58,8; Зах 8,12 Зашто Господ ќе даде добрини
и земјата наша ќе го даде плодот свој.
14Праведноста ќе оди пред Него
и Неговите стапки ќе ги постави на пат.

اکنون انتخاب شده:

Псалми 84: MAK2024PS

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید