Псалми 8

8
ПСАЛМ 8
Божјото величие во создавањето
1За крајот: псалм на Давид, за гмечалките за вино.
2 # 56,5; Евр 1,3 Господи, Господи наш,
колку е чудесно името Твое по целата земја,
зашто Твоето велелепие ги надвиши небесата.
3 # Мудр 10,21; Мт 11,25 Од устата на новородените и на доенчињата
си подготвил пофалба заради непријателите Твои,
за непријателот и одмаздникот да го сотреш.
4Ќе ги гледам небесата, делата на прстите Твои,
месечината и ѕвездите, кои ги втемели Ти:
5 # 143,3; Јов 7,17-18; Сир 18,8; Евр 2,6 Што е човекот, да го помниш,
или синот човечки, да го посетуваш?
6 # 20,5; 1 Мојс 1,26-27; Мудр 2,23 Си го направил само за малку помал од ангелите,
но со слава и со чест си го овенчал;
7 # 1 Мојс 1,28; Мудр 9,2-3; 10,2; Сир 17,2-4; 1 Кор 15,25-27; Ефес 1,22; Евр 2,8 си го поставил над делата од рацете Свои,
сѐ си потчинил под нозете негови;
8овците и сите волови,
та дури и ѕверовите полски,
9птиците небески, и рибите морски
и сѐ што низ морските патишта скита.
10Господи, Господи наш,
колку е чудесно името Твое по целата земја!

اکنون انتخاب شده:

Псалми 8: MAK2024PS

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید