Псалми 114
114
ПСАЛМ 114
Благодарност и завет на Господ поради спасувањето од смртта
1 #
17,1; 65,19 Алилуја! Го возљубив,
зашто Господ ќе го чуе гласот на моето молење,
2 #
Варух 4,20
бидејќи увото Свое го приклони кон мене
и во деновите мои ќе Го повикувам.
3 #
17,4-6; 54,4; 2 Цар 22,5-7; Јона 2,3 Ме обзедоа болки смртни,
опасности адски ме снајдоа;
жалост и болка најдов
4 #
6,4; Јоил 3,4 и името Господово го повикав:
„О, Господи, избави ја душата моја!“
5 #
2 Мојс 34,6
Милостив е Господ и праведен,
и нашиот Бог милува.
6Господ ги пази доенчињата;
се понизив и ме спаси.
7 #
12,5
Врати се, душо моја, во својот спокој,
зашто Господ ти направи добро,
8 #
26,13; 51,5; 55,13; 141,5; Ис 25,8; 37,10 зашто ја избави душата моја од смртта,
очите мои од солзи
и нозете мои од сопнување.
9Ќе угодувам пред Господа
во земјата на живите.
اکنون انتخاب شده:
Псалми 114: MAK2024PS
هایلایت
کپی
مقایسه
به اشتراک گذاشتن
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
Македонско библиско здружение 2024