YouVersion Logo
Search Icon

1 Тимотеј 5

5
1Спрема постари луѓе не покажувај грубост, туку обраќај им се како што би му се обратил на сопствениот татко. Спрема тие што се помлади од тебе однесувај се како да ти се браќа.
2Спрема постарите жени однесувај се како да ти се мајки, а спрема помладите, твојот однос треба да биде чист, како спрема сестри.
3Грижи се за оние вдовици за кои навистина нема кој друг да се грижи.
4Ако вдовицата има деца или внуци, тие нека се учат да се грижат за оние што им се семејство, исто како што родителите се грижеле за нив. Нека ја покажат својата побожност најпрво спрема своето семејство. Тоа е она што Бог го бара од нив.
5Вистинска вдовица е онаа што нема роднини, што верува во Бог, Му се моли дење и ноќе, и бара помош од Него.
6Онаа вдовица што живее само за задоволства, духовно е мртва уште додека е жива.
7Пренеси им ги овие упатства, за да не грешат.
8Христијаните што не се грижат за своите роднини, а посебно за членовите на сопственото семејство, ја омаловажуваат верата! Тие се полоши и од неверниците!
9Секоја вдовица за која ќе се грижи црквата треба да ги исполнува следниве услови: да има најмалку шеесет години, да му била верна на својот сопруг,
10да се има докажано со правење добри дела, со одгледување деца, со гостољубивост спрема патници, со понизна услужливост спрема вистинските христијани, со тоа што им помагала на луѓето во невола и секогаш била посветена на правење добри дела.
11Помлади вдовици не ставај на списокот. Ако телесните страсти ја надвладеат нивната посветеност спрема Христос, тие ќе посакаат повторно да се омажат.
12Така ќе го прекршат ветувањето што претходно го дале.
13Освен тоа, тие можат да станат мрзливи и да им стане навика да одат од куќа во куќа. Не само тоа, туку можат да почнат да озборуваат, да прават сплетки и да зборуваат работи што не им прилегаат.
14Затоа, мој совет е помладите вдовици повторно да се омажат, да раѓаат деца и да се грижат за сопствените семејства. Така противникот ќе нема повод да ги клевети.
15За жал, некои вдовици веќе скршнаа и му станаа следбенички на Сатаната.
16Ако некоја христијанка има роднини што се вдовици, нека им помага, а не да ги остава на товар на црквата, која треба да им помага на оние вдовици за кои нема кој да се грижи.
17Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат.
18Така вели и Светото Писмо: „Не врзувајте му ја муцката на добичето што врши жито“, и „Секој што работи, заслужува да добие и плата.“
19Ако некој сака да обвини старешина во црквата мора да има најмалку двајца или тројца сведоци. Во спротивно, немој да го слушаш.
20Оние што грешат, искарај ги јавно, па и другите да извлечат поука.
21Пред Бог, пред Исус Христос и пред светите ангели, најсериозно те задолжувам да се придржуваш до упатствата што ти ги дадов! Немој да правиш дискриминација и да бидеш пристрастен!
22Не избрзувај да ракополагаш луѓе за Божја служба! Не соучествувај во туѓи гревови! Чувај се да останеш чист!
23Не пиј веќе само вода. Пиј по малку и вино, заради твојот стомак и болестите што често те мачат.
24Казната за гревовите на некои луѓе е очигледна, а кај други гревовите и казната ќе станат очигледни дури по извесно време.
25Така е и со добрите дела. Некои се очигледни, но и оние што не се нема да останат скриени.

Currently Selected:

1 Тимотеј 5: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy