YouVersion Logo
Search Icon

1 Јован 3

3
1Погледнете колкава голема љубов покажа небесниот Татко спрема нас! Тој толку многу не засака, што не прифати како Свои чеда и ние сега навистина сме Божји чеда! Световните луѓе не Го познаваат Бога, па затоа и нас не не препознаваат како Божји чеда.
2Драги мои, ние веќе сега сме Божји чеда, но не можеме ни да си замислиме што ќе станеме допрва! Сепак знаеме дека кога Христос повторно ќе дојде, ќе станеме слични на Него, бидејќи ќе Го видиме онаков каков што Тој навистина е.
3Секој што ја положил својата надеж во Него, ќе се чува да остане чист, токму како што и Христос е чист.
4Секој што прави грев, го прекршува Божјиот Закон, зашто гревот е токму тоа: прекршување на Законот.
5Како што знаете, Христос токму заради тоа и дојде: да ги отстрани нашите гревови. Во Него грев нема,
6па затоа секој што е на Негова страна нема да продолжи да греши. Ако човек продолжи да греши, тој ниту Го познава Христос, ниту пак сфаќа Кој е Тој!
7Чеда Божји, не допуштајте некој да ве заведе! Праведен е оној што постапува праведно, онака како што постапуваше Исус.
8А оној што продолжува да греши е на страната на Ѓаволот, зашто Ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави Ѓаволот.
9Тој што е препородено Божјо чедо нема да продолжи да греши, бидејќи Божјото семе е во него. Тој е препородено Божјо чедо и не може да продолжи да греши.
10Постои јасна разлика меѓу Божјите чеда и децата на Ѓаволот: секој што не постапува праведно, и што не ги сака другите христијани, не е Божјо чедо.
11Пораката што ја чувме од почетокот гласи: да се сакаме еден со друг.
12Да не бидеме како Каин, кој застана на страната на Злиот и го уби сопствениот брат. Зошто го уби? Бидејќи она што го правеше Каин беше погрешно, а она што го правеше неговиот брат беше правилно.
13Според тоа, не чудете се, драги христијани, ако луѓето од овој свет ве мразат!
14Ако ние, христијаните, се сакаме еден со друг, тоа докажува дека сме преминале од смрт во вечен живот. Оној што не ги сака другите христијани, се уште е во стегите на смртта.
15Секој што мрази некој од христијаните е убиец, а вие знаете дека ниту еден убиец во себе нема вечен живот.
16Кога Исус го даде сопствениот живот за нас, ние сфативме што значи да се има љубов. Така треба и ние да ги даваме нашите животи за други христијани.
17Како може некој да тврди дека ја има Божјата љубов, ако има световни богатства и гледа дека некој од христијаните е во материјална невола, а тој не сака да му помогне?
18Чеда Божји, треба вистински да се сакаме, не само на зборови, туку на дело, со нашите постапки во секојдневниот живот.
19Така ќе знаеме дека сме на страната на вистината, и ќе ја имаме неопходната увереност кога ќе застанеме пред Бог.
20Па и кога нашата совест не обвинува, да не забораваме дека Бог е над нашата совест и дека Тој знае се.
21Драги мои, кога имаме чиста совест можеме да пристапиме пред Бог со увереност.
22Се што ќе побараме од Него, ќе добиеме, ако се држиме до Неговите заповеди и го правиме она што е во согласност со Неговата волја.
23А Божјата заповед е да веруваме во Неговиот Син Исус Христос и да се сакаме еден со друг. Така ни заповеда и Исус.
24Оние што се придржуваат до Божјите заповеди живеат во нераскинливо заедништво со Бог и Тој трајно живее во нив. Како знаеме дека Бог живее во нас? Доказ за тоа е Светиот Дух што ни го даде Христос.

Currently Selected:

1 Јован 3: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy