YouVersion Logo
Search Icon

ПСАЛМИ 36

36
Божја благост и милост
1. Нечесност на беззаконик
За пејачки началник. Од Господовиот слуга Давид.
1Грешна замисла е во срцето на злосторникот, нема страв од Бога пред неговите очи. 2Самиот си ласка во своите очи, додека не му се открие неговото беззаконие и го намрази. 3Зборовите на неговата уста се измама и злодело, тој не се грижи повеќе за разумноста и доброто. 4Смислува беззаконие на својата постела, останува на лош пат, не го мрази злото.
2. Благодарност за Божјо милосрдие
5Господи, Твојата добрина е до небото, Твојата верност до облаците. 6Твојата правда е како Божји врвови, Твоите судови како длабоко море; луѓе и животни избавуваш Ти, О Господи. 7Колку е скапоцена Твојата милост, О Боже! Луѓето се засолнуваат под сенката на Твоите крилја. 8Се наситуваат со мрсно во Твојот дом, Ти ги напојуваш од реката на Твоите сладости. 9Во Тебе е изворот на животот, со Твојата светлина ние ја гледаме светлината.
10Закрили ги со Својата милост сите, кои Те почитуваат, и со Својата праведност сите, кои имаат чисто срце. 11Нека не ме згази ногата на гордиот и нека не ме гони раката на грешниот. 12Таму паднаа, кои прават беззаконие, соборени се, и не ќе можат повеќе да станат.

Currently Selected:

ПСАЛМИ 36: MKB

Highlight

Share

Compare

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in