YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 10

10
1И ги повика Своите дванаесет ученици при Себе, и им даде власт над нечистите духови да ги изгонуваат и да исцелуваат секаква болест и секаква слабост.
2А ова се имињата на дванаесетте апостоли: првиот Симон, наречен Петар, и неговиот брат Андреј, па Јаков Заведеев и брат му Јован,
3Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј цариникот, Јаков Алфеев и Тадеј,
4Симон Кананит и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
5Исус ги испрати тие дванаесетмина и им нареди, говорејќи: „Не одете по пат кај народите, и не влегувајте во град на Самарјаните;
6туку одете подобро кај изгубените овци на Израелевиот дом.
7И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно.
8Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.
9Не набавувајте ни злато, ни сребро, ниту бакар во вашите појаси;
10ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап, зашто работникот ја заслужува својата прехрана.
11А кога влезете во кој и да било град или село, распрашајте кој е достоен во него; и останете таму додека не отидете од него.
12А кога ќе влезете во домот, поздравете го.
13И ако навистина куќата биде достојна, вашиот мир нека дојде на неа; а ако не биде достојна, вашиот мир нека ви се врати вам.
14И ако некој не ве прими, ниту ги послуша вашите зборови, кога излегувате од таа куќа или град истресете го правот од вашите нозе.
15Вистина ви велам, полесно ќе и биде на Содомската и Гоморската земја во судниот ден, отколку на оној град.”
16”Ете, Јас ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби.
17Чувајте се од луѓето, зашто ќе ве предаваат на судовите и ќе ве бичуваат во своите синагоги.
18Ќе ве изведуваат пред управителите и царевите, заради Мене, за сведоштво на нив и на народите.
19А кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во оној час ви е дадено што треба да кажете;
20зашто не сте вие кои зборувате, туку Духот на вашиот Татко, Кој зборува во вас.
21А братот ќе го предаде брата си на смрт, и таткото - детето, и децата ќе станат против родителите и ќе ги убиваат.
22И ќе бидете намразени од сите заради Моето име; но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.
23Кога ќе ве гонат во градов, бегајте во друг; зашто вистина ви велам, нема да ги обиколите израелевите градови додека дојде Синот Човечки.”
24”Ученикот не е над учителот, ниту слугата над својот господар.
25Доста му е на ученикот да стане како неговиот учител и на слугата како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекоа Велзевул, колку повеќе неговите домашни!
26Затоа, не бојте се од нив; зашто нема ништо покриено, што не ќе се открие, ниту сокриено што не ќе се дознае.
27Што ви говорам во темнина, кажете го во светлина; и што ќе чуете на уво, прогласете го од покривите.
28И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.
29Не се продаваат ли две врапчиња за асариј? Па ниедно од нив не паѓа на земјата без волјата на вашиот Татко.
30А вам ви се изброени дури и влакната на главата.
31И така, не бојте се. Вие сте поскапи од многу врапчиња.”
32”И така, секој кој Ме признава Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Татко, Кој е во небесата.
33А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Татко, Кој е во небесата.”
34”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч.
35Зашто дојдов да го раздвојам човекот од неговиот татко и ќерката од нејзината мајка, и снаата од нејзината свекрва,
36и непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни.
37Кој го љуби таткото или мајката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене;
38и кој не го зема својот крст и не оди по Мене, не е достоен за Мене.
39Кој ќе ја најде својата душа, ќе ја изгуби; и кој ќе ја изгуби својата душа заради Мене, ќе ја најде.”
40”Кој ве прима вас, Ме прима Мене, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил.
41Кој прима пророк во име на пророк, ќе прими пророчка награда; и кој прима праведник во име на праведник, ќе прими праведничка награда.
42Кој ќе напои еден од овие мали само со чаша студена вода, зашто е ученик, вистина ви велам, никако нема да ја загуби својата награда.”

Currently Selected:

Матеј 10: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy