Малахија 4
4
1„Зашто еве, доаѓа ден вжарен како печка; горделивите и злосторниците ќе бидат како плева: денот кој наближува, ќе ги изгори - говори Господ над Воинствата - та нема да им остави ни корен ни гранче.
2А вам, кои се боите од Моето име, ќе ви изгрее сонцето на правдата со здравје во крилјата, и вие ќе излегувате потскокнувајќи како телиња на пасење.
3И ќе ги газите беззакониците како прав под нозете во Денот што го подготвувам - говори Господ над Воинствата.
4Спомнете си за Законот на Мојсеја, Мојот слуга кому на Хорив му ги пропишав законите и уредбите за сиот Израел.
5Еве, ќе ви го испратам пророкот Илија, пред да дојде Господовиот Ден, ден голем и страшен.
6Тој ќе ги обрне срцата на татковците кон синовите, а срцата на синовите кон татковците, за да не дојдам и да не ја удрам земјата со проклетство.”
Currently Selected:
Малахија 4: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов
Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands