Ездра 1
1
1Во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни Господовиот збор, објавен преку Еремиевата уста, Господ го вдахнови персискиот цар Кир, та тој објави, усно и писмено, низ целото свое царство:
2„Вака вели персискиот цар Кир: Сите земни царства ми ги даде Господ, небесниот Бог. Тој ми нареди да Му изградам дом во Ерусалим, во Јудеја.
3Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, неговиот Бог нека биде со него! Нека оди во Ерусалим во Јудеја, и нека Му гради Дом на Господа, на Израелевиот Бог, на Бога Кој е во Ерусалим.
4И каде уште да се задржал Остаток од тој народ, жителите во местото каде што престојува нека го помогнат со сребро и злато, со имот и добиток и со доброволни приноси за Божјиот Дом во Ерусалим.”
5Тогаш главатарите на татковските домови на Јуда и Венијамин, свештениците и левитите, и сите на кои Бог им го подигна духот, станаа и тргнаа да го градат Господовиот Дом во Ерусалим.
6И сите соседи им помагаа: со сребро, злато, со дарови, со добиток, со многу скапоцености, покрај сè што приложуваа доброволно.
7Царот им ги изнесе посатките на Господовиот Дом, кои Навуходоносор ги беше однесол од Ерусалим и ги ставил во домот на својот Бог.
8Персискиот цар, му ги врачи на ризничарот Митридат, кој му ги изброја на јудејскиот кнез Сасавасар.
9Еве го неговиот попис: златни чинии: триесет; сребрени чинии: илјада и дваесет и девет;
10златни чаши: триесет; сребрени чаши: четири стотини и десет; други посатки: илјада.
11Вкупно златни и сребрени посатки: пет илјади и четири стотини. Сасавасар го однесе сè тоа, кога заточениците се враќаа од Вавилон во Ерусалим.
Currently Selected:
Ездра 1: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов
Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands