YouVersion Logo
Search Icon

ДАНИЕЛ 12

12
ѓ. Денови на голема тага и воскресение на мртви
1Во она време ќе стане Михаел, големиот кнез кој ги штити синовите на твојот народ. Тоа ќе биде време на страдање какво немаше откако се луѓето па до тоа време. Во тоа време ќе се спаси твојот народ - сите кои ќе се најдат запишани во Книгата. 2Тогаш ќе се разбудат мнозина кои спиеја во земниот прав; едни за вечен живот а други за срам и вечен презир. Разумните ќе блескаат како сјајниот небесен свод, и кои ги учеа мнозината на праведност, како ѕвезди довека, во сета вечност. 4А ти, Даниеле, пази ги во тајност овие зборови и запечати го овој книжен свиток до времето на свршетокот!“
е. Даниелово последно видение
5Јас, Даниел, погледнав кога ете: други двајца стоеја едниот од едната, другиот од другата страна на реката. 6Едниот го праша човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката: „Кога ќе дојде крајот на тие чудеса?“
7Го чув човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката; тој ги подигна кон небото десницата и левицата колнејќи се во вечно Живиот. „По едно време, по две времиња и по половина време - кога ќе дојде крајот на распад на силите на светиот народ - сѐ тоа ќе сврши.“ 8Јас слушнав, ама не разбрав, па прашав: „Господару, како ќе сврши тоа?“ 9Тој рече: „Оди Даниеле, овие зборови се тајна и запечатени се до времето на свршетокот, зашто многумина ќе испитуваат и знаењето ќе се намножи. 10Мнозина ќе се очистат, ќе обелат и ќе се испитаат; а безбожниците и натаму ќе бидат безбожни; безбожниците нема да се вразумат, а умните ќе разберат. 11Од часот кога ќе биде укината секојдневната жртва и поставена грозноста на запустувањето: илјада двеста и девеесет денови. 12Блазе му на оној кој ќе дочека и ќе стигне до илјада триста триесет и пет денови! 13А ти оди си и одмори се; ќе станеш да го примиш своето наследство на крајот на деновите.“

Currently Selected:

ДАНИЕЛ 12: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy