YouVersion Logo
Search Icon

2 Летописи 1

1
1Соломон, синот Давидов, беше се зацврстил на престолот. Господ, неговиот Бог, беше со него и го возвиши многу.
2Тогаш Соломон му се обрати на сиот Израел, на илјадниците, на стотниците, на судиите, на сите израелски кнезови, на главите на семејствата,
3та Соломон и сиот собир со него се искачија на возвишението кое беше во Гаваон, зашто таму беше Шаторот на средбата што го подигна Мојсеј, слугата Божји, во пустината.
4Давид го пренесе Божјиот Ковчег од Киријат-Јарим до местото што самиот го подготви за него; зашто беше подигнал Шатор во Ерусалим.
5Бронзениот жртвеник што го направи Веселеил, синот на Оровиот син Уриј, беше таму пред Господовиот Шатор, каде дојдоа Соломон и собирот за да му се обратат.
6Таму пред Господа Соломон се искачи при бронзениот жртвеник, кој беше веднаш до Шаторот на средбата, и принесе врз него илјада паленици.
7Истата ноќ Бог му се јави на Соломона и му рече: „Барај што да ти дадам.”
8Соломон одговори: „Мошне наклонет Му беше на мојот татко Давид, и ме зацари мене на неговото место.
9Боже Господе, нека се исполни сега ветувањето што Му го даде на мојот татко Давид, зашто ме зацари над народот што го има многу како земниот прав.
10Дај ми сега мудрост и знаење за да можам да управувам со овој народ, зашто кој ќе управува со толкав народ како што е овој, Твојот!”
11Бог му рече на Соломона: „Бидејќи тоа ти е во срцето, а не бараше ни богатство, ни благо, ни слава, ни смртта на непријателите, и зашто не бараше долг живот, туку мудрост и знаење како би управувал со Мојот народ над кој те зацарив, ти давам мудрост и знаење.
12Но ти давам и богатство, благо и слава какви немаше ниеден цар што бил пред тебе и какви не ќе имаат ни оние кои ќе дојдат после тебе.”
13Соломон од возвишението во Гаваон отиде во Ерусалим, подалеку од Шаторот на средбата, и царуваше над Израел.
14Собра бојни коли и коњаници: имаше илјада и четири стотини бојни коли и дванаесет илјади коњаници, и ги размести по градовите каде што му беа колите и кај себе во Ерусалим.
15Соломон направи да има сребро и злато во Ерусалим изобилно како камења, а кедрови дрва многу како црници во Шефел.
16Соломоновите коњи беа внесени од Египет и од Кеве, а царските трговци ги купуваа за пари.
17Се донесуваше и се продаваше една бојна кола од Египет по шест стотини сребрени шекели, а коњите по сто и педесет; тоа беше исто така за сите хетитски и арамејски цареви, кои ги увезуваа преку нив.

Currently Selected:

2 Летописи 1: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy