YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 9

9
ГЛАВА 9
(Зачало 29)
1Тогаш Он влезе во#Недела шеста по Педесетница: Во она време, влезе Исус во еден кораб, се врати назад и пристигна во Својот град.
Крај на неделата
2И ете, донесоа при Него еден фатен, кој лежеше на постелка. Па кога ја виде Исус нивната вера, му рече на фатениот: – Не плаши се, чедо! Ти се простуваат гревовите твои.
3Тогаш некои од книжни ците рекоа во себе: Овој богохулствува.
4А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: – Зошто мислите лошо во срцата ваши?
5Оти, што е полесно? Да кажам: ти се проштеваат гревовите твои, или да речам: стани и оди?
6Но, за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштева гревови; тогаш му рече на фатениот: – Стани, земи си ја постелката и оди си дома!
7И тој стана, ја зеде постелката своја и си отиде дома.
8А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Којшто им дал таква власт на луѓето.
Крај на неделата
(Зачало 30)
9Акога си одеше оттаму, Исус виде#Сабота петта по Педесетница: Во она време, кога одеше Исус, виде еден човек, по име Матеј, како седи на царинарницата, и му рече: – Врви по Мене! И тој стана и тргна по Него.
10И кога седеше Исус на трпеза дома, одеднаш мнозина цариници и грешници дојдоа и седнаа до Него и до учениците Негови.
11Но, кога го видоа тоа фарисеите, им рекоа на учениците Негови: – Зошто вашиот Учител јаде и пие со цариници и грешници?
12А Исус, кога го чу тоа, им рече: – Здравите немаат потреба од лекар, туку болните;
13одете и научете се што значи: „милост сакам, а не жртва“. Зашто не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.
Крај на саботата
(Зачало 31)
14Тогаш дојдоа при Него учениците#Петок од втората седмица по Педесетница: Во она време, дојдоа при Исуса учениците Јованови и рекоа: – Зошто ние и фарисеите постиме многу, а Твоите ученици не постат?
15А Исус им рече: – Зар можат сватовите да бидат нажа лени додека е со нив младоженецот? Но, ќе дојдат дни, кога младоженецот ќе се оттргне од нив, и тогаш тие ќе постат.
16Зашто никој не крпи стара облека со нова крпа, оти таа ќе се отшие од старото и дупката ќе биде поголема;
17ниту, пак, се клава ново вино во стари мевови; инаку, мевовите ќе напукнат, и виното ќе истече и мевовите ќе пропаднат; туку ново вино се тура во нови мевови, па така ќе се запази и едното и другото.
Крај на петокот
(Зачало 32)
18Додека Он им говореше за тоа, ете, некој началник се приближи до Него,#Сабота шеста по Педесетница: Во она време, некој началник се приближи до Исуса, му се клањаше и велеше: – Ќерка ми умре сега; но дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.
19И откако стана Исус, тргна по Него, заедно со учениците Свои.
20И ете, една жена, која беше страдала дванаесет години од крвотечение, се приближи одзади и се допре до крајот од облеката Негова.
21Зашто си велеше: само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.
22А Исус, кога се заврте и ја виде, рече: – Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси! И оздраве жената од тој момент.
23И кога дојде Исус во куќата на началникот и ги виде свирачите и народот збунети,
24им рече: – Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие. И тие Му се потсмеваа.
25А штом го истера народот, Он влезе, ја фати за рака и девојката стана.
26И тоа се расчу по целиот тој крај.
Крај на саботата
(Зачало 33)
27Акога си одеше Исус оттаму, тргнаа#Недела седма по Педесетница: Во она време, кога Исус одеше, тргнаа по Него двајца слепи и викаа: – Помилуј нѐ, Исусе, сине Давидов!
28А штом дојде в куќи, слепите се приближија до Него. И Исус им рече: – Верувате ли дека можам да го направам тоа? Тие Му рекоа: – Да, Господи!
29Тогаш се допре до очите нивни и рече: – Нека ви биде според верата ваша!
30И очите им се отвори ја; а Исус им заповеда, велејќи: – Гледајте никој да не дознае!
31А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата онаа земја.
32Додека тие излегуваа, ете, доведоа при Него еден човек нем и бесен.
33По изгонувањето на бесот, немиот проговори. А народот се чудеше и говореше: никогаш такво нешто не станало во Израилот.
34А фарисеите велеа: Он ги изгонува бесовите со силата на началникот на бесовите.
35И одеше Исус по сите градови и села, и поучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и секаква немоќ во народот.
Крај на неделата
(Зачало 34)
36Штом виде многу народ,#Понеделник од третата седмица по Педесетница: Во она време, кога виде Исус многу народ се сожали, зашто беа изморени и прснати како овци без пастир.
37Тогаш им рече на Своите ученици: – Жетвата е голема, а работници малку;
38затоа, помолете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.

Currently Selected:

Матеј 9: MK2008

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy