YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 10

10
ГЛАВА 10
1И кога ги повика#Св. врачи на 1 ноември и на 1 јули: Во она време, Исус ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ.
Изостави на св. врачи
2А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот – Симон, наречен Петар, и Андреја, братот негов; Јаков Заведеев и Јован, брат му;
3Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј цариникот, Јаков Алфеев и Левиј, наречен Тадеј,
4Симон Кананит и Јуда Искариот, којшто и Го предаде.
5Овие дванаесетмина ги испрати Исус и им заповеда, велејќи: – По пат кон незнабошци не одете, и во самарјански град не влегувајте;
6а одете прво при загубените овци на Израилевиот дом;
7и, одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно;
8болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!
Крај на понеделникот и на св. врачи
(Зачало 35)
9Не#Вторник од третата седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Не носете во појасите ваши ни злато, ни сребро, ниту бакар,
10ни торба за пат, ни двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата награда.
11А кога ќе влезете во некој град или село, распрашајте кој е во него достоен и таму останете, додека не си отидете.
12И штом ќе влезете во некоја куќа, поздравете ја, велејќи: – Мир на овој дом!
13И, ако куќата биде достојна, вашиот мир нека дојде на неа; ако ли не е достојна, тогаш вашиот мир нека се врати при вас.
14Ако, пак, не ве прими и не ги послуша зборовите ваши, кога ќе излегувате од таа куќа или од тој град, истресете го правот од нозете ваши.
15Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на земјата содомска и гоморска во Судниот ден, отколку на тој град.
Крај на вторникот
(Зачало 36)
16Ете,#Среда од третата седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Ете Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби.
17Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите и по синагогите нивни ќе ве бијат.
18И ќе ве одведат пред управници и цареви, заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците.
19А кога ќе ве предадат, не грижете се како, или што ќе говорите, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете;
20бидејќи не сте вие што ќе зборувате, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас.
21И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко – чедото свое; и ќе станат децата против родителите и ќе ги убијат;
22и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име, но кој ќе претрпи до крај, ќе биде спасен.
Крај на средата и на мачениците
(Зачало 37)
23Кога ќе#Четврток од третата седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Ако ве изгонат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина ви велам: – Нема да ги обиколите Израилевите градови, додека не дојде Синот Човечки.
24Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга – поголем од својот господар;
25доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата да биде како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекоа Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни?
26И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено, што не ќе се открие, или тајно, а да не се узнае.
27Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што го слушате на увото, разгласувајте го од покривите.
28И не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; но бојте се повеќе од Оној, Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот.
29Не се продаваат ли две врапчиња за една пара? И ниедно од нив нема да падне на земјата, без волјата на вашиот Отец.
30А вам и влакната на главата ви се изброени.
31Но, не плашете се: вие сте поскапи од многу врапчиња.
Крај на четвртокот
(Зачало 38)
32Нтака, секој#Недела прва на сите светии: Им рече Господ на Своите ученици: Секој што ќе Ме признае пред луѓето, и Јас ќе го признаам него пред Мојот Отец Кој е на небесата.
33А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец Кој е на небесата.
Изостави на сите светии
34Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч;
35Зашто дојдов да разделам човек од татка му, и ќерка од мајка ѝ, и снаа од свекрва ѝ.
36И непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни.
Изостави во петокот
(Зачало 39)
Читај на сите светии
37Кој#Сабота седма по Педесетница и сабота пред Воздвижение: Рече Господ: Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;
38и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене;
Премини за сите светии на зачало 79 отполу
39Кој ќе ја запази душата своја, ќе ја изгуби, а кој ќе ја изгуби душата своја заради Мене, ќе ја зачува.
40Кој ќе ве прими вас, ќе Ме прими Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил;
41Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда.
42И кој ќе напои еден од овие мали само со чаша студена вода во име на ученик, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда.
Читај во понеделникот

Currently Selected:

Матеј 10: MK2008

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy