YouVersion Logo
Search Icon

Софонија 2

2
Опомена за покајание. Казна.
1Приберете се, приберете се внимателно, народи необуздани,
2додека уште не е дојден судот – денот ќе мине како трици, додека уште не е дојден врз вас пламнатиот гнев Господен, додека не настапил денот на јароста Господова.
3Побарајте го Господа, сите смирени на земјата, вие што ги извршувате законите Негови; побарајте ја правдата, побарајте го смирението; можеби ќе се сокриете во денот на гневот Господен.
4Оти Газа ќе биде напуштена и Аскалон ќе запусти, Азот ќе биде изгонет среде ден, а Екрон ќе се искорени.
5Тешко им на жителите од приморскиот крај, на народот од Крит! Словото Господово е врз вас, Хананејци, земјо Филистејска! Јас ќе те истребам, и во тебе нема да има жители, –
6па ќе стане приморскиот крај овчарска кошара и ограда за добиток.
7И тој крај ќе му се падне на остатокот од домот Јудин, и ќе пасат таму и во куќите на Аскалон вечерта ќе ја поминуваат, зашто Господ, нивниот Бог, ќе ги посети и ќе им го поврати пленот одземен од нив.
8Го чув хулењето од Моава и навредите од синовите Амонови, како се подигруваат со Мојот народ и како се шират во пределите негови,
9Но жив сум Јас, вели Господ Саваот, Бог Израилев: Моав ќе биде како Содом, и синовите на Амона ќе бидат како Гомор, земја на коприви, соларник, пустиња за навек; остатокот од Мојот народ ќе ги плени, и оние што ќе останат од Мојот народ, ќе ги наследи.
10Тоа ќе им биде за гордоста нивна, оти се подигруваа и се ширеа над народот на Господа Саваот.
11Страшен ќе биде за нив Господ: Он ќе ги истреби сите земни богови, и Нему ќе Му се поклонат – сите од своите места, сите острови на народите.
12И вие, Етиопјани, ќе бидете поразени од Мојот меч.
13Господ ќе ја протегне раката своја на север, ќе го уништи Асур, а Ниневија ќе ја претвори во урнатина, во место суво како пустиња,
14и стада ќе лежат по неа и секаков вид животни: пеликан и еж ќе ноќеваат во резбите и украсите; гласот нивни ќе се разнесува низ прозорците, уривањето ќе се покаже на столбовите од вратите, зашто на нив нема да има облоги од кедар.
15Ете, што ќе стане прочуениот град, кој живееше безгрижно и во срцето свое си вели: »Јас сум и нема друг освен мене.« Како ќе стане урнатина, легло за ѕверови! И секој што ќе помине покрај него, ќе потсвирне и ќе мавне со раката.

Currently Selected:

Софонија 2: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy