YouVersion Logo
Search Icon

Захарија 14

14
Божествено спасение.
1Ете, настапува денот Господен кога ќе го разделат ограбеното од тебе пред тебе.
2Ќе ги соберам сите народи во војна против Ерусалим; градот ќе биде преземен, и домовите разгребени; жените ќе бидат обесчестени, половината од градот ќе отиде во ропство; но останатиот народ нема да биде истребен од градот.
3Тогаш ќе излезе Господ и ќе се сврти против тие народи, како што војуваше во борбен ден.
4И ќе застанат нозете Негови на Елеонската Гора во оној ден, што се наоѓа спроти Ерусалим од источната страна: и ќе се расцепи Елеонската Гора од исток кон запад со многу голема долина и половината ќе појде кон север, а втората половина кон југ.
5И вие ќе побегнете во долината на Моите гори, оти планинската долина ќе се протега до Асил; а ќе побегнете како што бегавте од земјотресот во деновите на Озија, царот Јудејски; и ќе дојде Господ, мојот Бог, и сите светии со Него.
6Во тој ден нема да има светила, светилата ќе бидат премавнати.
7Тој ден ќе биде единствен, познат само на Господа; ниту ден, ниту ноќ – само приквечер ќе се појави светлина.
8Во тој ден ќе потечат живи води од Ерусалим, половина кон источното море, а половина кон западното море; така ќе биде и лете и зиме.
9И Господ ќе биде Цар над целата земја; во тој ден Господ ќе биде единствен и името Негово – едно единствено.
10Целата таа земја ќе биде како рамнината од Гаваон до Ремон, јужно од Ерусалим, кој се извисил на местото свое и кој ќе се насели од портите Венијаминови до местото на првите порти, до Агловите порти, и од кулата на Ананеила до царските визби.
11И ќе се населат во него, и проклетство нема да има повеќе, а Ерусалим ќе се наоѓа во безопасност.
12И ете какво ќе биде поразувањето, со кое Господ ќе ги порази сите народи, кои војувале против Ерусалим – телото на секого од нив ќе се исуши уште додека стои на нозете свои, и очите ќе му се стопат во длабнатините, и јазикот ќе му се исуши во устата негова.
13И во тој ден ќе завладее голем смут од Господа, така што еден друг ќе се фаќаат за раката своја и секој ќе ја подига раката своја против раката на ближниот свој.
14Но и Јуда самиот ќе војува против Ерусалим, и богатството на сите околни народи ќе биде собрано: злато, сребро и облеки во голем број.
15Таков пораз ќе има и врз коњите и маските, камилите и ослите, и врз секаков добиток, што ќе се наоѓа во куќите нивни.
16А потоа сите други што доаѓаат во Ерусалим, од сите народи, ќе доаѓаат од година во година, за да се поклонат на Царот, на Господа Саваот, и да го празнуваат празникот Сеници.
17И, ако некое од племињата земни не појде во Ерусалим, за да Му се поклони на Царот, на Господа Саваот, дожд нема да падне при нив.
18И, ако племето египетско не тргне на пат и не дојде тука, и тоа нема да добие дожд, па ќе го постигне пораз, со каков ги порази Господ оние народи, што не доаѓале да го празнуваат празникот Сеници.
19Ете што ќе стане за гревот на Египет и за гревот на сите народи, кои нема да дојдат да го празнуваат празникот Сеници.
20Во тоа време дури на уздите од коњите ќе биде забележано »светиња на Господа«, и котлите во домот Господен ќе бидат како жртвените садови пред жртвеникот.
21И сите котли во Ерусалим и во Јудеја ќе бидат светиња на Господа Саваот, и ќе доаѓаат сите што принесуваат жртва, ќе ги земат и ќе варат во нив, и нема повеќе да има ниту еден Хананеец во домот на Господа Саваот во тој ден.

Currently Selected:

Захарија 14: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy