YouVersion Logo
Search Icon

Мудрост Соломонова 3

3
Блаженството на праведниците.
1А душите на праведниците се во Божја рака; до нив нема да се допре никаква мака.
2Во очите на нерзумните, тие се како умрени, а нивниот крај се сметаше за пропаст;
3и тоа што тие заминуваат од нас – како уништување, но тие живеат во мир.
4Зашто иако во очите на луѓето е да се накажуваат, надежта нивна полна е со бесмртност.
5Бидејќи малку казнети, тие ќе добијат големи блага, зашто Господ ги испитал и ги нашол достојни ѕа Себеси.
6Он ги проверил како злато во печка и ги примил како најсовршена жртва.
7Во времето на воскреснувањето, тие ќе светкаат како искри меѓу гранки.
8На племиња ќе им судат, над народи ќе владеат, а над нив Господ ќе царува довека.
9Оние што се надеваат на Него, ќе ја познаат вистината, а кои Му се верни во љубовта – ќе живеат во Него, зашто Он има милост и милосрдност ѕа Своите светии и промисла – за Своите избраници.
10А безбожниците ќе бидат казнети за своите мисли; затоа што ги презреа праведниците и што отстапија од Господа.
11Оти оние што ја презираат мудроста и поуката – несреќни се и надежта нивна е празна, и трудовите – бесплодни, а делата некорисни.
12Нивните жени се неразумни, а децата лоши; проколнат е нивниот дом.
13Блазе на неродилка, која не се осквернала, која не познала незаконска постела; таа ќе добие плод – кога светите души ќе бидат наградувани.
14Блазе на евнух, кој не направил беззаконие со рака и не помислил ништо лошо против Господа; за неговата вера ќе му биде дадена посебна благодат и најпријатен дел во храмот на Господа.
15Плодот на добрите трудови е славен, а коренот на мудроста е неподвижен.
16Децата на прељубниците ќе бидат несовршени, а плодот на беззаконата постела пропаѓа.
17Макар биле и договечни, за ништо нема да ги сметаат; нивната длабока старост ќе биде без почит.
18А ако умрат рано, нема надеж, ниту имаат утеха ѕа судниот ден;
19зашто страшен е крајот на грешниот род.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy