YouVersion Logo
Search Icon

Мудрост Сирахова 3

3
Дожноста спрема родителите.
1Деца, послушајте ме мене, вашиот татко, и постапувајте така, за да се спасите,
2зашто Господ го издигнал таткото над неговите деца; Тој го утврдил правото на мајката над нејзините синови.
3Кој го почитува татко си – ќе се очисти од своите гревови,
4а кој се однесува со почит кон својата мајка – придобива големо богатство.
5Кој го почитува својот татко – ќе има радост од своите деца и во денот на неговата молитва ќе биде слушнат.
6Кој го почитува татко си, долго ќе живее, а кој Го слуша Господа, ќе ја успокојува својата мајка.
7Кој има страв Господен, тој го почитува татко си; на своите родители им служи како на господари.
8со дела и со зборови почитувај ги твоите родители, за да бидеш благословен од нив.
9Зашто благословот на таткото ги утврдува домовите на децата, а мајчината клетва ги урива до темели.
10Не барај ја својата слава во срамот на својот татко, зашто срамот на твојот татко не може да биде чест за тебе.
11Славата на човекот доаѓа од честа на неговиот татко, а непристојната мајка е срам за своите деца.
12Синко, помогни му на татко ти во неговата старост и не го огорчувај додека е жив.
13Ако неговиот ум и ослабнал, биди благ кон него и не го изоставај, кога си во полна сила,
14зашто не се заборава милоста кон таткото; и покрај сите твои гревови, твојата благосостојба ќе расте.
15Во деновите на твојата неволја Господ ќе се сети на тебе; како мразот од топлината, така ќе се истопат твоите гревови.
16Богохулник е оној којшто го остава својот татко, а проколнат од Господа е оној што ја навредува својата мајка.
17Синко, со кротост врши ги твоите работи, и од богоугоден човек ќе бидеш сакан.
18Колку си поголем, толку повеќе да се смируваш, за да најдеш милост во Господа.
19Голем е бројот на издигнатите и славни луѓе, но тајните им се откриваат само на смирените.
20Зашто голема е Божјата сила; Него Го прославуваат смирените.
21Не барај го она што е преголемо и претешко за тебе; не истражувај го она што е над твоите сили.
22Размислувај за она што ти е заповедано; не се занимавај со она што е сокриено од тебе.
23При многу твои занимања не грижи се за она што ти е непотребно; тебе ти се откриени многу човечки знаења.
24Многумина се воведени во заблуда од нивните претпоставки; лукавите замисли го поколебуваат нивниот ум.
25Кој ги сака опасностите – ќе падне во нив.
26Упорното срце ќе претрпи зло на крајот.
27Упорното срце ќе биде оптоварено со неволји, а грешникот натрупува гревови врз гревови.
28За болеста на гордиот нема лек; зло билје се вкоренила во него.
29Срцето на разумниот размислува за поука; внимателното уво е желба на мудриот.
30Водата гасне оган што гори, а милостињата чисти од гревови.
31Оној што враќа со добро за добрите дела, тој мисли за иднината; во тешко време, ќе најде поткрепа.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy