YouVersion Logo
Search Icon

Мудрост Сирахова 1

1
Мудроста и праведноста.
1Секоја премудрост е од Господа и со Него останува таа засекогаш.
2Кој ќе ги изброи морскиот песок, дождовните капки и деновите на вечноста?
3Кој ќе ги испита височината на небото и ширината на земјата, бездната и премудроста?
4Најнапред од сѐ е создадена мудроста, а и разбирањето на мудроста е од вечноста.
5Изворот на премудроста е Словото на Севишниот Бог, а одот нејзин се вечните заповеди.
6На кого му е откриен коренот на премудроста? Кој го знае нејзиното остварување?
7Само еден е премудар и многу страшен – Господ, Кој седи на Својот престол.
8Тој ја создал и ја видел, ја измерил,
9и ја излеал врз сите Свои дела,
10врз секое тело според Својата дарба, а најмногу ги дарува оние што Го љубат.
11Стравот Господов е слава и чест, веселба и венец на радоста.
12Стравот Господен го радува срцето, му дава веселба, радост и долг живот.
13На оној, кој има страв од Господа, добро ќе му биде на крајот, благословен ќе биде во денот на својата смрт; стравот Господен е дар од Господа, кој води по патеките на љубовта.
14Љубовта спрема Господа е славна премудрост; по својата промисла, Тој им ја дава на оние што ги милува.
15Почеток на мудроста е стравот Божји. Таа е создадена кај верните уште во утробата на нивната мајка; таа се утврдила меѓу луѓето на вечни основи, на нивните потомци таа ќе им биде дадена.
16Стравот Господен е полнота на мудроста, таа ги опива луѓето со своите плодови.
17Нивниот дом го исполнува со сѐ што сакаат и сите нивни житници – со своите плодови.
18На мудроста венецот е стравот Господен; тој дарува мир и крепко здравје; и едното и другото од Бога се дарови, Кој ја зголемува радоста на оние што Го љубат.
19Он ја виде и ја измери, Он излива знаење и разум; ја издига славата на оние што ја имаа.
20Коренот на мудроста е – да имаш страв од Господен; долг животот на нејзините гранки.
21Стравот Господен ги отстранува гревовите; а кој нема страв – не може да се оправда.
22Несправедлив гнев не може да се оправда; тежината на гневот – паѓање е за човекот.
23Трпеливиот човек претрпува докрај, а потоа – наградата негова е радост.
24Долго ги сокрива своите зборови, а устите на верните ќе говорат за неговата разумност.
25Во сокровиштата на мудроста се тајните на разумот, а грешникот не го сака стравот Господов.
26Ако копнееш по мудроста, исполнувај ги заповедите, и Господ ќе ти ја даде,
27бидејќи стравот пред Господа е мудрост и знаење; а верата и кротоста Му се угодни на Бога.
28Не биди недоверлив спрема стравот Господен; со срце раздвоено не пристапувај кон Него.
29Не биди лицемерен пред другите; и внимавај на својата уста.
30Не гордеј се, за да не паднеш и да не бидеш осрамотен; Господ ќе ги открие твоите тајни и ќе те понизи пред сите – затоа што не си пристапил искрено пред стравот Господен и што срцето твое е полно со лукавства.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy