YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 25

25
Парабола за десетте девојки. Повереното богатство. За страшниот суд.
1»Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилници и излегоа да го пречекаат младоженецот.
2Петте од нив беа мудри, а петте – неразумни.
3Неразумните, како ги зедоа светилниците свои, не понесоа со себе елеј;
4а мудрите, заедно со светилниците, зедоа во садовите свои и елеј;
5и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.
6А на полноќ се чу викање: ‚Ете, младоженецот иде, излезете да го пречекате!‘
7Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилници.
8Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: ‚Дајте ни од елејот ваш, зашто нашите светилници гаснат.‘
9Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Да не би да не ни стигне и нам, и вам: подобро отидете кај продавачите и купете си!‘
10А кога отидоа тие да купат, пристигна младоженецот и спремните влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.
11Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘
12А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘
13И така, бидете будни, оти не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.
14Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;
15и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина.
16Оној, што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;
17исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два;
18а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така го сокри среброто на својот господар.
19По долго време дојде господарот на тие слуги и им побара сметка.
20И кога пристапи оној, што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил и други пет.‘
21Господарот му рече: ‚Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!‘
22Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта; ете, со нив спечалив други два.‘
23Господарот му рече: ‚Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!‘
24Пристигна и оној што беше зел еден талант, и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш, каде што не си сеел, и собираш, каде што не си веел;
25па се уплашив и отидов, та го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘
26А господарот му одговори и рече: ‚Лукав и мрзлив слуго! Ти знаеш дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам, каде што не сум веел;
27затоа требаше моето сребро да го дадеш на трговците, па јас, кога дојдам, ќе си го приберам своето, со добивка;
28земете го од него талантот и дајте му го на оној, што има десет таланти;
29зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има;
30а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: Таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘« Откако го рече тоа, извика: »Кој има уши да слуша, нека чуе!«
31»А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,
32и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите;
33и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.
34Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ‚Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот;
35оти, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте;
36необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене.‘
37Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‚Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме?
38Кога Те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме?
39Кога Те видовме болен, или во затвор, и Те посетивме?‘
40А Царот ќе им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.‘
41Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‚Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели.
42Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте;
43странец бев и не Ме прибравте; необлечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.‘
44Тогаш и тие ќе Му одговорат и речат: ‚Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор, и не Ти послуживме?‘
45Тогаш ќе им одговори и рече: ‚Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте Ми го направиле.‘
46И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во живот вечен.«

Currently Selected:

Матеј 25: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy