Плач Јеремиин 3
3
Јеремиин плачи и утеха.
1Јас сум човек, кој видов мака од жезалот на Неговиот гнев;
2Он ме поведе и воведе во темнина, а не во светлина.
3Оне се обрна само против мене и цел ден ме биеше со раката Своја;
4го сплеска телото мое и кожата моја, ги здроби коските мои;
5ме загради и ме опколи со горчила и маки;
6ме постави во темно место, како одамна умрените;
7ме огради со ѕид, за да не изгегувам, ми направи тешки вериги;
8и, кога викав и пискав, ја задржуваше молитвата моја;
9со камења ги прегради патиштата мои, ги искриви патеките мои.
10Он стана за мене како мечка во заседа, како лав на скришно место;
11ги искриви патиштата мои и ме раскина, ме уништи;
12го затегна лакот Свој и ме постави како цел за стрела;
13ги прострела бубрезите мои со стрели од торбата Своја.
14Станав потсмев за сиот народ мој, негова секојдневна песна.
15Ме презасити со горчила, со пелин ме напои;
16со камен ми ги скрши забите мои, со пепел ме покри.
17Избега мирот од душата моја; заборавив за добри работи
18и реков: ја снема силата моја и надежта моја од Господа.
19Помисли на моето страдање и на мојата мака, за пелинот и за жолчката.
20Душата моја силно се сеќава на тоа и отпаѓа во мене.
21Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж:
22по милоста на Господа не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато;
23тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема!
24Гсопод е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам.
25Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душата, која Го бара.
26Добро му е на оној, кој треперливо го очекува спасението од Господа.
27Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја.
28Сам ќе седи и ќе молчи, бидејќи Господ му го ставил бремето на него.
29Нека ја допре устата своја до земјата, можеби уште има надеж.
30Го подава образот свој на оној, кој бие, да трпи навреди до презастување,
31бидејќи Господ не отфрла за навек.
32Пратил ли неволја, Он и ќе се смилува според Својата голема милост.
33Зашто Он не по волјата на Своето срце ги казнува и ги огорчува синовите човечки.
34Но, кога ги газат со нозете сите затвореници на земјата,
35кога неправедно го осудуваат човека пред лицето на Севишниот,
36кога го притеснуваат човека во неговата работа: зар Господ не гледа?
37Кој вели – »бива и она што Господ не заповедал да биде?«
38Зар не доаѓаат и злото и доброто од устата на Господа?
39На што се жалат живите луѓе? Секој за гревовите свои?
40Да ги испитаме и да ги истражиме патиштата свои и да се обрнеме кон Господа.
41Нека го подигнеме срцето свое и рацете свои кон Бога, Кој е на небесата.
42Ние згрешивме и се противевме, Ти не нѐ поштеди.
43Ти се облече со гнев и нѐ прогони, нѐ умртвуваше, и не нѐ жалеше;
44Ти се сокри во облак, за да не достигне молитвата наша;
45смет и гнасотија нѐ направи меѓу народите.
46Ги отворија против нас устите широко сите наши непријатели.
47Ужас и јама, пустош и разорение – тоа е делот наш.
48Потоци солзи лее окото мое за погибелта на ќерката од мојот народ.
49Окото ми се прелива и не престанува, бидејќи нема одмор
50сѐ додека Господ не погледне милостиво и види од небесата.
51Окото мое е причина да страда душата моја заради сите ќерки на мојот град.
52Постојано се силат непријателите мои да ме уловат како птичка, без никаква причина.
53Го фрлија во јама животот мој и ме засипаа со камења.
54Водата се подигна над главата моја; па си реков – »загинав.«
55Го призвав името Твое, Господи, од јамата длабока.
56Ти го чу гласот мој; не прикривај го увото Свое од мојата воздишка и од мојот плач!
57Ти се приближуваше, кога ќе повикав кон Тебе, и велеше – не бој се!
58Ти го заштитуваше, Господи, делото на мојата душа; го откупуваше мојот живот.
59Ти го гледаш, Господи, моето притеснување; пресуди го делото мое.
60Ти ја гледаш сета одмазда нивна, сите намери нивни против мене.
61Ти ги слушаш, Господи, навредите нивни, сите намери нивни против мене,
62зборовите на оние, што стануваат против мене, и лукавствата нивни против мене секој ден.
63Погледај, седнат ли, станат ли, јас сум песна за нив.
64Отплати им, Господи, според делата на рацете нивни;
65прати им помрачение на срцето нивно и проклетсвото Твое врз нив;
66гони ги, Господи, со гнев и истреби ги од поднебјето!
Currently Selected:
Плач Јеремиин 3: MK1990
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016