YouVersion Logo
Search Icon

Јован 15

15
Продолжение – Христос е лозова прачка.
1Јас сум вистинска лоза. Мојот Отец е лозарот.
2Секоја прачка во Мене, која што не дава плод, Он ќе ја исече; и секоја, која што дава плод, ќе ја очисти, за да принесе повеќе плод.
3Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал.
4Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене.
5Јас сум лозата, а вие прачките; и кој што е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без Мене не можете да направите ништо.
6Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се осуши; а такви ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат.
7Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте, и ќе биде.
8Со тоа ќе се прослави Мојот Отец, ако вие принесувате многу плод и ако бидете Мои ученици.
9Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Бидете во Мојата љубов!
10Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете љубов Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова.
11Ова ви го реков, за да остане радоста Моја во вас, и радоста ваша да биде полна.
12Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас.
13Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.
14Вие сте Ми пријатели, ако го вршите она, што ви заповедам Јас.
15Не ве наречувам веќе слуги, зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели, оти ви кажав сѐ што сум чул од Мојот Отец.
16Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и плодот ваш да остане, та, што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде.
17Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг.
18Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас Ме замрази.
19Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази.
20Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазеа, и вашите ќе ги запазат.
21Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, оти не Го знаат Оној, Кој што Ме пратил.
22Да не бев дошол и да не бев им зборувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев.
23Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Отец.
24Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене, и Мојот Отец.
25Но нека се изврши словото, напишано во нивниот Закон, дека Ме замразија без вина.
26А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он ќе сведочи за Мене;
27а и вие ќе сведочите, бидејќи од почетокот сте со Мене.

Currently Selected:

Јован 15: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy