YouVersion Logo
Search Icon

Јеремија 1

1
Јеремија повикан за пророк.
1Зборовите на Јеремија, – синот на Хелкија, еден од свештениците кој живееше во Анатот, во земјата Венијаминова, –
2кому му беше упатено слово Господово во времето на Јосија, син на јудејскиот цар Амон, во тринаесеттата година од царувањето негово,
3а и во деновите на Јоакима, синот на јудејскиот цар Јосија, до крајот на единаесеттата година од царувањето на Седекија, син на јудејскиот цар Јосија, додека не беше преселен во Ерусалим во петтиот месец.
4И би до мене слово Господово:
5»Пред да те обликувам во утробата, Јас те познав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк на народите.«
6Јас, пак, одговорив: »О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад.«
7Но Господ ми рече: »Не вели: – млад сум; – зашто до сите, до кои ќе те испратам, ќе одиш, и сѐ, што ќе ти заповедам, ќе кажеш.
8Не плаши се од нив; зашто Јас сум со тебе, за да те избавам«, рече Господ.
9И ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: »Ете, Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја.
10Гледај, Јас те поставив денес над народи и царства, за да искоренуваш и разурнуваш, да погубуваш и да разрушуваш, да ѕидаш и да насадуваш.«
11И пак би слово Господово до мене: »Што гледаш, Јеремиј?« Одговорив: »Гледам гранка од бадемово дрво.«
12Господ ми рече: »Добро гледаш, зашто Јас бдеам над Моето слово, за да се изврши тоа скоро.«
13И по вторпат би слово Господово кон мене: »Што гледаш?« Одговорив: »Гледам котел што врие, а отворот му е спрема север.«
14И ми рече Господ: »Од север ќе навлезе злото врз сите луѓе што живеат на земјата.
15Зашто, ете, Јас ќе ги свикам сите племиња на северните царства – вели Господ – и тие ќе дојдат, и секој ќе го постави престолот свој при влезот на ерусалимските порти, околу сите ѕидишта негови и во сите јудејски градови.
16И ќе го изречам судот Свој врз нив за сите нивни беззаконија, зашто што Ме оставија и кадеа темјан на други богови и им се поклонуваа на идоли, дела од нивните раце.
17А ти препаши ги бедрата свои и стани, та кажи им сѐ, што ќе ти заповедам; не биде малодушен пред нив, за да не те поразам пред очите нивни.
18И ете, Јас те поставив денес како утврден град, како железен столб и како бакарен ѕид против сите цареви јудини и кнезовите на целата таа земја, против свештениците негови и против народот на таа земја.
19Тие ќе војуваат против тебе, но нема да те победат; зашто Јас сум со тебе, за да те избавувам« – вели Господ.

Currently Selected:

Јеремија 1: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy