YouVersion Logo
Search Icon

Исаија 65

65
Ново небо и нова земја.
1Јас им се открив на оние, кои не прашуваа за Мене, кои не Ме бараа: »еве Ме, еве Ме!« – му велев на народ, кој не го повикуваше името Мое.
2Секогаш ги протегав рацете Свои кон непокорниот народ, кој одеше по лош пат, – по своите помисли, –
3кон народ, кој постојано Ме наскрбува в лице, принесува жртви во шумичките и пали темјан на црепчиња,
4седи во гробови и ноќева во пештери; јаде свинско месо, а во садовите негови има гнасно вариво;
5кои велат: »Застани, не се доближувај до мене, зашто сум свет за Тебе.« Тие се дим на ноздрите Мои. – оган што гори секој ден.
6Ете, што е напишано пред лицето Мое: нема да премолчам, туку ќе отплатам, ќе отплатам во пазувата нивна,
7за нивните беззаконија, вели Господ, и заедно со беззаконијата на татковците нивни, кои кадеа темјан по планините, и по ридовите Ме навредуваа, – ќе им одмерам во пазувите нивни и за нивните поранешни дела.
8Вака вели Господ: »Кога во гроздот има сок, не го повредувај, зашто во него има благослов; исто ќе направам и за Моите слуги, та сите да не ги погубам.
9И ќе произведам од Јакова потомство, а од Јуда – наследник на Моите гори; и тоа ќе го наследат Моите избрани, таму ќе живеат слугите Мои.
10И Сарон ќе биде пасиште за овци, а долината Ахор – пладниште за говедата на Мојот народ, кој Ме побара.
11А вас, кои го оставивте Господа, ја заборавивте Мојата света гора, готвите трпеза за Гад и отворате полна чаша за Мени, –
12вас ве определив за меч, сите ќе се наведнете за колење, зашто викав – и не одговаравте, говорев – не слушавте, но вршевте зло пред очите Мои и го избиравте она, што не беше по волјата Моја.«
13Затоа вака вели Господ Бог: »Ете, слугите Мои ќе јадат, а вие ќе гладувате; слугите Мои ќе пијат, а вие ќе се измачувате од жед;
14слугите Мои ќе се веселат, а вие ќе бидете во срам; слугите Мои ќе пеат од срдечна радост, а вие ќе пиштите од срдечна жалост и ќе плачете од отпаднатоста на вашиот дух.
15И ќе им го оставите името свое на Моите избрани за проклетство; а тебе ќе те убие Господ Бог, и слугите Свои ќе ги нарече со друго име,
16оној, што се благословува на земјата, нека се благословува со вистинскиот Бог; и кој се колне на земјата, нека се колне со вистинскиот Бог, – зашто поранешните жалости ќе бидат заборавени и сокириени од Моите очи.
17Оти, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема повеќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат.
18А вие ќе се веселите и ќе се радувате довека за она што јас го создавам: зашто, ете, Јас ќе го создавам Ерусалим за веселба, а народот негов – за радост.
19Ќе се радувам за Ерусалим и ќе се веселам за Мојот народ; и нема повеќе да се чуе глас во него од плачење и глас од пискот.
20Таму веќе нема да има малолетен ни старец, што нема да ги исполни деновите свои; стогодишникот умира како момче, но умира ли стогодишен грешник, ќе биде проколнуван.
21Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни.
22Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои.
23Нема да се трудат напразно и да раѓаат деца за скрб; зашто ќе бидат семе, благословено од Господа, и потомците нивни со нив.
24И пред тие да повикаат, Јас ќе одговорам; тие уште ќе говорат, а Јас веќе ќе ги чујам.
25Волк и јагне ќе пасат заедно, а лавот ќе јаде слама како вол, а на змијата правот ќе ѝ биде храна: тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора«, вели Господ.

Currently Selected:

Исаија 65: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy