YouVersion Logo
Search Icon

Варух 1

1
Варух и Јудејската заедница во Вавилон. Молитва на изгнаникот: исповед на гревовите.
1Ова се зборови од книгата, што ги напиша Варух, синот на Нирија, син на Масија, син на Седекија, син на Асадија, син на Хелкија – во Вавилон,
2во петтата година, во седмиот ден од месецот, во она време кога Халдејците го презедоа Ерусалим и го изгореа со оган.
3Ги прочита Варух гласно зборовите од оваа книга пред Јехонија, синот на Јоакима, јудејски цар, пред сиот народ, што беше дошол да ја слуша книгата,
4гласно пред кнезовите и царските синови, пред сите кои живееја во Вавилон, покрај реката Суд,
5и тие плачеа, постеа и се молеа пред Господа.
6Собраа сребро, секој според своите можности,
7и го испратија во Ерусалим до првосвештеникот Јоаким, син на Хелкија, син Саломов, до свештениците и до сиот народ, кој се наоѓаше со него во Ерусалим,
8кога Варух ги зеде однесените садови од домот на Господа, за да ги врати во Јудејската земја, во десетиот ден од месецот Сиван, сребрените садови, што ги беше направил јудејскиот цар Седекија, син Јосиин,
9откако Навуходоносор, вавилонски цар, ги беше преселил од Ерусалим Јехонија и кнезовите, од затворениците, војводите и народот во Вавилон.
10И рекоа тие: »Еве, ви испраќаме сребро, со него купете сепаленици, жртви за грев и темјан, принесете ги на дар и ставете ги на жртвеникот на Господа, нашиот Бог,
11молете се на Господа за Навуходоносора, вавилонскиот цар, и за животот на неговиот син Валтазара, така што деновите на нивниот живот на земјата да бидат како денови на небото.
12Господ Бог ќе ни даде сила и ќе ги просвети нашите очи, за да живееме под закрилата на вавилонскиот цар Навуходоносора и под закрилата на неговиот син Валтазара, за да им служиме многу дни и да најдеме милост пред нив.
13Молете Му се на Господа, нашиот Бог, и за нас, зашто згрешивме пред Господа, нашиот Бог, и не се одврати гневот на Господа од нас до денес.
14Прочитајте ја оваа книга, која ви ја испраќаме, за да се објави во домот на Господа, во ден празничен и во дни бележити.«
15Тогаш речете: »Правдата е во Господа, нашиот Бог, а кај нас е – срамот на лицата како денес на сите Јудејци и на оние што живеат во Ерусалим,
16на царевите и на кнезовите, на нашите свештеници, нашите пророци и нашите татковци,
17зашто згрешивме пред Господа,
18не Му се покорувавме и не го слушавме гласот на Господа, нашиот Бог, за да живееме според заповедите на Господа, нашиот Бог, и не ни беше грижа што гласот Негов не го слушавме.
19Од денот, кога Господ ги изведе нашите татковци од Египетската земја, па до денес, ние бевме непослушни пред Господа, нашиот Бог, и не ни беше грижа што гласот Негов не го слушавме.
20Затоа нѐ постигнаа неволји и клетва, како денес, што ги одреди Господ пред својот слуга Мојсеја во оној ден, кога нашите татковци излегоа од Египетската земја, за да ни ја даде земјата, во која тече мед и млеко.
21Не го слушавте гласот на Господа, нашиот Бог – во сите зборови на пророците, кои Он ни ги прати нам,
22туку секој од нас одеше според мислите на своето лошо срце, служејќи им на други богови и вршејќи лоши дела пред очите на Господа, нашиот Бог.«

Currently Selected:

Варух 1: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy