YouVersion Logo
Search Icon

Амос 3

3
По пророкувањето пристигнува казна.
1Чујте го овој збор, што го кажа Господ против вас, синови Израилеви, против целото племе, кое го изведов од земјата Египетска велејќи:
2само вас ве признав од сите земни племиња, поради тоа и ќе ве посетам поради сите ваши беззаконија.
3Тргнуваат ли двајца заедно, ако не се договорат меѓу себе.
4Рика ли лав во гора, кога нема пред него плен? Пушта ли глас лавче од својата пештера, ако ништо не уловило во неа?
5Паѓа ли птица во мрежа на земја, кога нема мрежа за неа? Ќе се подигне ли од земајта стапица, ако не се фати ништо во неа?
6Труби ли труба во град, а народот да не се уплаши? Се случува ли во градот зло, што не го дозволил Господ?
7Зашто Господ Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги – пророците.
8Кога ќе зарика лав, кој е тој што нема да трепне? Господ Бог вели: кој нема да пророкува?
9Прогласете од покривите на Азот и од покривите од земјата Египетска и кажете: соберете се по горите на Самарија и погледајте го големото бесчестие во неа и насилствата во неа.
10Тие не знаат да постапуваат справедливо, вели Господ: со насилие и грабеж собираат добра во дворците свои.
11Затоа вака вели Господ Бог: еве, непријателот е околу земјата, тој ќе ја нападне со сета своја моќ и дворците твои ќе бидат ограбени.
12Така вели Господ – како што понекогаш пастирот истргнува од лавовска уста две потколенични коски или дел од увото, така ќе бидат спасени синовите Израилеви, кои сега седат во Самарија во аголот на постелата своја и во Дамаск на леглото свое.
13Слушајте и бидете сведоци против домот на Јаков, вели Господ Бог, Саваот.
14Зошто во оној ден, кога ќе го посетам Израилот за престапите негови, ќе го испитам и за жртвениците во Ветил; ќе бидат отсечени роговите на жртвеникот и тие ќе паднат на земја.
15Ќе го поразам зимскиот дом заедно со летниот дом, и ќе исчезнат домовите со украсите од слонова коска, ќе снема многу домови, вели Господ.

Currently Selected:

Амос 3: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy