YouVersion Logo
Search Icon

Захарија 1

1
Опомена за покајание
1 # Агеј 1,1; Неем 12,16 На осмиот ден, во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо, велејќи: 2„Се разгневи Господ на татковците ваши со голем гнев; 3#Јоил 2,13; Мал 3,7затоа кажи им – вака вели Господ Саваот – Вратете се кон Мене, – вели Господ Саваот – И Јас ќе се вратам кон вас. 4#Ис 55,7; Ер 25,5; Лк 15,20Не бидете како што беа предците ваши, кон кои викаа поранешните пророци, велејќи им – ‚Вака вели Господ Саваот: одвратете се од лошите работи свои!‘ Но тие не послушаа, ниту внимаваа на Мене, вели Господ. 5Каде се сега предците ваши? А и пророците, зар тие вечно ќе живеат? 6#7,7-14; Неем 9,34Но зборовите Мои и наредбите Мои, што им ги заповедав на слугите Мои, пророците, зар не ги постигнаа предците ваши? И тие се обраќаа и велеа: ‚како што беше определил Господ Саваот да постапи со нас според пати­ш­тата наши, и според делата наши, та­ка и постапи.‘“
Прво видение: коњи и коњаници
7На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец – а тоа е месецот шеват – во втората година на Дариј, дој­де слово Господово до пророкот Заха­рија, синот Берехиев, син на Идо. 8#6,2-3; Откр 6,1-8Во текот на ноќта видов – ете, еден маж на црвен коњ стои меѓу мирти, што беа во долот, а зад него црвени, сиви и бели коњи, 9#Дан 7,16па му реков – „Кои се овие, господине мој?“ А ангелот, кој зборуваше со мене, ми рече: „Јас ќе ти покажам кои се тие.“ 10#6,7; Откр 5,6И одговори мажот што стоеше меѓу миртите, и рече – „Тоа се оние кои Господ ги испратил да ја обиколуваат земјата.“ 11Тогаш тие му одговорија на ангелот Господов, кој стоеше меѓу миртите, па му рекоа – „Ете, ја обиколивме целата населена земја и таа е спокојна.“ 12#Ер 12,4; Дан 8,13; Откр 6,10Им одговори ангелот Господов и им рече: „Господи Седржителе, до кога не­ма да се смилуваш над Ерусалим и над градовите Јудини, на кои се гневиш, еве, веќе седумдесет години?“ 13Тогаш во одговор на ангелот Госпо­дов, изрече Господ слова добри, слова утешни. 14#8,2; Јоил 2,18И ми рече ангелот, кој зборуваше со мене: „Извести и кажи – вака вели Господ Саваот – ‚Ревнувам за Ерусалим и за Сион многу; 15#Ис 47,6; Амос 6,1; Пс 79,6и горам со голем гнев против народите што живеат во спокој, зашто кога Јас малку се разгневив, тие станаа уште полоши!‘ 16#2,5-9; Ис 54,6-10; Ез 40,3Затоа вака вели Господ: ‚Јас се враќам кон Ерусалим со милосрдност; во него ќе се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот, и мерно јаже ќе се протегне низ Ерусалим.‘ 17#2,15; 13,9; Агеј 2,23Порачај уште и ова, и кажи им – вака вели Господ Саваот: ‚Моите гра­дови одново ќе се исполнат со богат­ства, и Господ ќе го утеши Сион и пак ќе го избере Ерусалим.‘“

Currently Selected:

Захарија 1: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy