YouVersion Logo
Search Icon

Марко 2

2
Исус исцелува фатен човек
(Мт 9,1-8; Лк 5,17-26)
1 # 1,29 По неколку дена, Тој пак дојде во Ка­пернаум; и се чу дека е в куќи. 2#3,20; Дела 4,29.31; 8,25Веднаш се собраа мнозина, така што и пред вратата не можеа да се сместат; а Тој им го објавуваше Словото. 3И дојдоа кај Него со еден фатен, кого го носеа четворица; 4па, бидејќи не можеа да се прибли­жат до Него од народот, го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Тој и ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот. 5#5,34.36; Лк 7,48А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се простуваат гревовите твои!“ 6Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои: 7#Ис 43,25; Пс 103,3; 1 Јн 1,9„Што хули Овој на Бога? Кој друг може да простува гревови, освен еди­ниот Бог?“ 8#Мт 12,25Исус, веднаш штом дозна со Својот дух дека тие така мислат во себе, им ре­че: „Зошто го помислувате тоа во срцата свои? 9Што е полесно да му кажам на фатениот: ‚ти се простуваат гре­во­ви­те‘, или да речам: ‚дигни се, земи ја пос­телката своја и оди‘? 10#Мт 8,20Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт на земјата да ги простува гревовите“ – му рече на фатениот – 11„Тебе ти велам: стани, земи ја пос­телката своја и оди си дома!“ 12#Мт 5,16; 9,8.33; Рим 15,6.9; 1 Кор 6,20; 1 Птр 2,12; Откр 15,4И тој стана веднаш, па, штом ја зеде постелката, се појави пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бо­га, велејќи: „Никогаш вакво нешто не сме виделе!“
Исус го повикува Левиј и ги прифаќа грешниците
(Мт 9,9-13; Лк 5,27-32)
13 # 1,22; 3,7-8; 6,2 И излезе Исус пак покрај морето, и сиот народ доаѓаше кај Него, и Тој ги поучуваше. 14#Мт 9,9; Лк 5,27-29; 9,59И кога одеше, го виде Левиј Ал­фе­ев, кој седеше во царинарницата и му рече: „Врви по Мене!“ Тој стана и тргна по Него. 15#Мт 11,19; Лк 7,34#Мт 5,46А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и многу цариници и грешници; зашто тие беа мно­зи­на и врвеа по Него. 16Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со цариници и грешници, им рекоа на учениците Не­го­ви: „Зошто Тој со цариници и грешници јаде и пие?“ 17#10,45Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, ту­ку болните. Не сум дошол да ги по­ви­кам праведниците, туку грешниците (на покајание).“
За постот. Старото и новото
(Мт 9,14-17; Лк 5,33-39)
18 # Мт 6,16; 11,2 Учениците на Јован и на фарисеите постеа. И приоѓаа некои, па Му велеа: „Зошто учениците Јованови и на фари­се­ите постат, а Твоите ученици не постат?“ 19#Мт 23,15Исус им рече: „Зар можат свато­ви­те да постат кога младоженецот е со нив!? Додека е со нив младоженецот, тие не можат да постат; 20но ќе дојдат дни, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие дни, и тие ќе постат. 21Никој не крпи стара облека со нова крпа; инаку, новозашиената крпа ќе се отшие од старото, и отворот ќе биде уште поголем. 22#Јн 1,17; 2 Кор 5,17; Гал 1,6Никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расце­пи мевовите и виното ќе истече, а ме­во­вите ќе се упропастат; туку ново вино треба да се става во нови мевови.“
За саботниот ден
(Мт 12,1-8; Лк 6,1-5)
23 # 5 Мојс 23,26 И Му се случи во саботен ден да ми­нува преку нивјето, и врвејќи, уче­ни­ците Негови почнаа да кинат класје. 24#2 Мојс 34,21А фарисеите Му рекоа: „Гледај, зошто го прават учениците во сабота тоа, што не треба да се прави?“ 25Но Тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога ог­ладне тој и оние, што беа со него? 26#2 Мојс 25,30; 1 Сам 21,2-7; 2 Сам 15,35Како влезе во храмот Божји, во вре­мето на првосвештеникот Авијатар, ги изеде приставените лебови од жрт­ве­ни­кот, што не требаше да ги јаде никој друг освен свештениците, па им даде и на оние, што беа со него!“ 27#2 Мојс 20,8-11; 31,14; 5 Мојс 5,12-14; Мт 12,11-12Потоа продолжи: „Саботата е соз­да­дена за човекот, а не човекот за саботата. 28#Мт 8,20Па така, Синот Човечки е господар и на саботата.“

Currently Selected:

Марко 2: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy