YouVersion Logo
Search Icon

Марко 16

16
Христовото воскресение
(Мт 28,1-8; Лк 24,1-12; Јн 20,1-10)
1 # 15,40.47; Лк 24,10; Јн 19,40 Штом мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и да Го помазаат Исус. 2И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгрева­ше сонцето, 3#Јн 11,38-39па си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?“ 4И кога погледнаа, видоа дека ка­ме­нот е одвален, а тој беше многу голем. 5#9,3; Дела 1,10; Откр 7,9.13Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се упла­шија многу. 6#Ис.Н. 1,9; Ис 41,10; Мт 17,7; Јн 6,20; Дела 3,15; Откр 1,17А тој им рече: „Не плашете се! Вие Го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде! Еве го местото каде што беше положен. 7#14,28; Мт 26,32Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петар дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“ 8#9,6; 1 Кор 2,3Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, зашто се пла­шеа.
Исус ѝ се јавува на Марија Магдалена
(Мт 28,9-10; Јн 20,11-18)
9 # Лк 8,2 А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалена, од која беше исте­рал седум демони. 10#Лк 24,9Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа. 11#1 Мојс 45,26; Мт 8,10; 28,17; Лк 24,5.11.23.41Но тие, кога чуја дека е Тој жив и дека таа Го видела, не поверуваа.
Исус им се појавува на двајца ученици
(Лк 24,13-35)
12Потоа им се јави во друг лик на двај­ца од нив по пат, кога одеа в село. 13#Мт 28,17И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.
Исус им се појавува на единаесетмината Свои ученици
(Мт 28,16-20; Лк 24,36-49; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)
14 # 6,6; Дела 2,14; Рим 9,18; 1 Кор 15,5 Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и тврдокорност, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат. 15#13,10; Мт 24,14; Кол 1,23Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. 16#Јн 3,18.36; Дела 2,38; 16,31Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. 17#Дела 2,4; 8,7; 10,46; 19,6; 1 Кор 12,10.30; 14,1-40А знаците, на оние што ќе пове­ру­ва­ат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат демони; ќе говорат нови ја­зици; 18#Мт 9,18; Лк 10,19; Дела 4,30; 28,3-6; 1 Кор 12,9.27; 1 Тим 4,14; Јк 5,14-15ќе фаќаат змии и ако нешто смрто­носно испијат, нема да им наштети; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздра­вуваат.“
Исусовото вознесение
(Лк 24,50-53; Дела 1,9-11)
19 # Пс 110,1; Мт 22,44; Дела 1,2.11.22; 1 Тим 3,16 А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната стра­на на Бога. 20#Дела 14,3; Евр 2,3-4Тие, пак, отидоа и проповедаа на­се­каде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чуда, што се јавуваа. Амин!

Currently Selected:

Марко 16: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy