YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 16

16
Фарисеите бараат знак
(Мк 8,11-13; Лк 12,54-56)
1 # 12,38; 22,15.35 Тогаш пристапија кон Исус фарисеите и садукеите и, иску­шу­вајќи Го, побараа да им покаже чудо од небото. 2Тој, одговарајќи им, рече: „Навечер велите: ‚ќе биде ведро, зашто небото е црвено‘; 3а наутро: ‚денес ќе има невреме, за­што небото е матно.‘ Лицемери, изгледот на небото можете да го распознава­те, а знаците на времињата не можете? 4#12,39Род лукав и прељуботворен бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па оставајќи ги, си замина.
За квасецот на фарисеите
(Мк 8,14-21; Лк 12,1-6)
5И преоѓајќи на спротивната страна, учениците Негови заборавија да земат леб. 6#Лк 12,1; 1 Кор 5,6-8; Гал 5,9Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасецот фарисејски и садукејски!“ 7А тие помислија во себе и си рекоа: „Тоа е што не зедовме леб!“ 8#6,30-31; Мк 4,13Но Исус ги разбра и им рече: „Ма­ло­верни, зошто мислите во себе дека не сте зеле леб? 9#14,13-21; 15,38Уште ли не разбирате и не помните за петте леба на пет илјади души, и кол­ку кошеви собравте? 10#Мк 8,1-9Ниту за седумте леба на четири ил­јади души, и колку кошници собравте? 11#16,6Како не разбирате дека не ви зборував за леб: ‚Чувајте се од квасот фа­ри­сејски и садукејски!‘“ 12Тогаш разбраа дека Тој им беше ре­кол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско.
Сведоштвото на Петар
(Мк 8,27-30; Лк 9,18-21)
13 # 8,20 И кога дојде Исус во областа на Ке­сарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „Што велат луѓето, кој е Синот Човечки?“ 14#5 Мојс 18,15; Мк 6,14-15; Лк 7,16.39; 9,7-8; 24,19; Јн 4,19Тие одговорија: „Едни дека е Јован Крстител, други дека е Илија, а некои дека е Еремија или дека е еден од пророците.“ 15А Тој им рече: „А вие, што мисли­те, Кој сум Јас?“ 16#4,3; 14,33; Јн 6,69Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“ 17#Рим 7,5; Гал 1,16Тогаш Исус му одговори и рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Отец, Кој е на небесата. 18#Јн 1,42; 1 Птр 1,1; 3,19А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен#16,18 Игра на зборови, зашто и Петар значи камен. Сепак, личното име е Петрос, а втората именка е петра. ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. 19#Ис 22,22И ќе ти ги дадам клучевите од не­бесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.“ 20#8,4Тогаш Исус им заповеда на уче­ниците Свои да не кажуваат никому дека Тој е Христос.
Исус ги навестува Својата смрт и воскресение
(Мк 8,31-33; Лк 9,22)
21 # 17,12.22-23; 20,17-19; 27,63; Лк 13,32-33; Дела 10,40; 1 Кор 15,3-4 Оттогаш почна Исус на Своите уче­ници да им открива дека Тој треба да отиде во Ерусалим и да пострада многу од старешините, првосвештениците и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне. 22А Петар Го повлече настрана, поч­на да Му говори, зборувајќи: „Биди ми­лостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!“ 23#4,10Но Тој се заврте и му рече на Пе­тар: „Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазна, зашто мислиш не за она што е Божјо, туку за она што е човечко!“
Патот за следбениците на Исус
(Мк 8,34–9,1; Лк 9,23-27)
24 # 4,19; 10,38; Лк 14,27 Тогаш Исус им рече на учениците Свои: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи; 25#10,39; Лк 17,33; Јн 12,25-26зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде: 26зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? 27#8,20; Пс 62,12; Изреки 24,12; Рим 2,6; 2 Сол 1,7Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој спо­ред делата негови. 28#10,23; 24,30.34; 26,64Вистина ви велам: тука стојат некои што нема да вкусат смрт додека не Го видат Синот Човечки како доаѓа во царството Свое.“

Currently Selected:

Матеј 16: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy