YouVersion Logo
Search Icon

Лука 5

5
Првите ученици
(Мт 4,18-22; Мк 1,16-20; Јн 21,1-11)
1 # Мт 13,1-2 # Јн 1,40-42; 21,1-19 # Мк 4,1 Еднаш, кога народот се притис­каше кон Него за да го чуе словото Божјо, Тој стоеше покрај Гени­са­ретското езеро. 2Тогаш виде два кораба што стоеја покрај езерото; а рибарите беа излегле од нив и си ги плавеа мрежите. 3Тој влезе во еден од корабите, кој бе­ше на Симон, па го замоли да отплови малку од брегот, па седна и почна да го поучува народот од коработ. 4А штом престана да говори, му рече на Симон: „Заплови кон длабочините и фрлете ги мрежите свои за лов!“ 5#8,24.45Но Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ниш­то не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.“ 6И штом го направи тоа, тие уловија толку големо количество риба, што ду­ри и мрежата им се скина. 7Им дадоа знак на другарите што беа во другиот кораб да дојдат и да им по­могнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба, така што за малку ќе по­тонеа. 8#2 Мојс 33,20А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!“ 9Зашто него, и сите што беа со него, ги беше обзел страв од многуте риби, што ги уловија, 10#Мк 1,17.19-20а исто така и Јаков и Јован, си­но­ви­те Заведееви, кои му беа другари на Си­мон. И му рече Исус на Симон: „Не плаши се! Отсега ќе ловиш луѓе!“ 11#5,28; 14,33; Мт 19,27Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сѐ и тргнаа по Него.
Исцелувањето на лепрозниот
(Мт 8,1-4; Мк 1,40-45)
12А кога беше Исус во еден град, дој­де некој човек, сиот лепрозен, и штом Го виде Исус, падна ничкум и молејќи Му се, рече: „Господи, ако сакаш мо­жеш да ме очистиш.“ 13Исус, подавајќи ја раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата падна од него. 14#3 Мојс 13,49; 14,1-32; Мк 1,25И му заповеда никому да не кажува; и му рече: „Оди и покажи му се на свеш­теникот, и принеси дар за очистувањето твое, како што одредил Мојсеј, ним за сведоштво!“ 15#4,14.37Но уште повеќе се разнесуваше глас за Него и многу луѓе доаѓаа да Го слушаат и да бидат излечени од своите болести. 16#3,21; 6,12; 9,18.28; 11,1А Тој се повлекуваше во осамени места и се молеше.
Исцелувањето на фатениот човек
(Мт 9,1-8; Мк 2,1-12)
17 # 1,35; 4,36; 6,19; Мк 5,30; Дела 3,12 Еден ден, додека Тој поучуваше, се­деа таму фарисеи и законоучители, кои беа дошле од сите села на Галилеја и Ју­деја, и од Ерусалим; а Тој имаше сила Господова да лекува. 18И, ете, некои донесоа на постела еден човек, што беше неподвижен, и са­каа да го внесат и положат пред Него; 19па, бидејќи не најдоа место од каде да го внесат поради народот, се качија на куќата и преку покривот го спуштија сосе постела, насреде, пред Исус. 20#Мт 8,10; 26,28А Тој, штом ја виде верата нивна, рече: „Човеку, ти се простуваат гре­во­вите!“ 21#7,49; Ис 43,25; Пс 103,3; Мт 9,3; 1 Јн 1,9Книжниците, пак, и фарисеите поч­наа да размислуваат и да велат: „Кој е Овој што хули на Бога? Кој може да ги простува гревовите, освен Единиот Бог?“ 22#6,8; 9,47; Мт 12,25А Исус, кога ги разбра нивните по­мисли, им одговори и рече: „Што раз­мислувате во срцата свои? 23Што е полесно да се каже: ‚Ти се прос­туваат гревовите‘, или да кажам: ‚Стани и оди?‘ 24#Мт 8,20; Јн 5,8; Дела 9,33-35Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт на земјата да ги простува гревовите.“ Му рече на неподвижниот: „Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ 25#2,20И тој веднаш стана пред нив и си го зеде она, на кое лежеше, па си отиде до­ма, славејќи Го Бога. 26#2,9.11.13Ужас ги обзеде сите и Го славеа Бо­га; па, исполнети со страв, говореа: „Чудни работи видовме денес!“
Гозбата кај Левиј
(Мт 9,9-17; Мк 2,13-17)
27 # Мт 5,46 А потоа излезе Исус и виде еден цариник, по име Левиј, кој се­де­ше во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ 28#5,11; 12,33Тој остави сѐ, стана и тргна по Не­го. 29#15,1-2; Мт 11,19И во својот дом Левиј Му приготви го­лема гозба; а таму имаше многу цариници и други што седеа на трпезата со нив. 30#Мт 3,7; 5,46Книжниците, пак, и фарисеите не­годуваа против Него и им говореа на учениците Негови: „Зошто со цариници и грешници јадете и пиете?“ 31Исус им одговори и рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните; 32#13,1-5; 24,47; Мт 3,2; 1 Тим 1,15не сум дошол да ги повикам праведните на покајание, туку грешните.“
За постот
(Мт 5,14-15; Мк 2,18-20)
33 # 18,12; Мт 6,16; Јн 3,25-26 А тие Му рекоа: „Зошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?“ 34Тој им рече: „Зар можете да ги на­те­рате сватовите да постат, додека е со нив младоженецот? 35#9,22; 17,22Но ќе дојдат дни кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш во тие дни, ќе постат.“
Старото и новото
(Мт 9,16-17; Мк 2,21-22)
36 # 2 Кор 5,17; Гал 1,6; 4,9 Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не пришива на стара облека крпа от­се­чена од нова облека; зашто и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега нова крпа. 37И никој не налива ново вино во ста­ри мевови; зашто новото вино ќе ги рас­це­пи мевовите, и тоа ќе истече, а ме­во­вите ќе се упропастат; 38туку, ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се зачува и ед­ното и другото. 39#Јн 2,10; 3,19И никој, откако пиел старо вино, нема да побара ново; зашто вели: ‚Ста­рото е подобро.‘“

Currently Selected:

Лука 5: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy