YouVersion Logo
Search Icon

Езекиел 16

16
Неверниот Ерусалим
1 # Ис 1,21; Ер 2,2; 3,6-11; Ос 1–3 И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, кажи му ги на Ерусалим неговите гадотии. 3И речи – вака ѝ вели Господ Бог на ќерката ерусалимска: – твојот корен и твојата татковина се во хананската земја; таткото твој е Амореец, а мајка ти е Хитијка; 4при твоето раѓање – во денот кога се роди – папокот ти го пресекоа, со вода не те измија заради очистување, со сол не те посолија и во пелени не те повија. 5#5 Мојс 32,10Ничие око не се смили на тебе, та од милост кон тебе да ти направат нешто од тоа; но те фрлија во полето од пре­зир кон твојот живот во денот на твоето раѓање. 6Минував јас покрај тебе и те видов оставена како преташ во крвта твоја, па ти реков: ‚Живеј!‘ Додека беше во крв, ти реков ‚Живеј!‘ 7Се размножи како растенијата во полето; порасна, стана голема и се здоби со голема убавина: твоите гради се надигаа, а и косата ти порасна; но беше гола и непокриена. 8#Ос 2,5; Рута 3,9Минував покрај тебе и те видов, и ете, твоите години беа години за љубење; ги прострев полите од облеката Своја врз тебе и ја покрив голотијата твоја; па ти се заколнав и стапив во со­јуз со тебе, вели Господ Бог – и ти стана Моја. 9#Ефес 5,26Те измив со вода, и ја измив од тебе крвта и те помазав со масло. 10Ти облеков везена облека и ти обув сандали од мека кожа, те опашав со висон и те покрив со свилен превез. 11Те искитив со накити и ти ставив гривни на рацете, а околу вратот – ѓердан. 12Ти ставив и прстен на носот, обетки на ушите, а на главата твоја – прекрасен венец. 13#5 Мојс 32,13И така, ти беше украсена со злато и сребро, а облеката ти беше висон, свила и везена ткаенина; се хранеше со леб од најдобро пченично брашно, со мед и масло, и беше многу убава, за царица достојна. 14#1 Цар 10,1.23; Плач 2,15И се разнесе славата твоја меѓу на­родите поради твојата убавина, зашто таа претставуваше полно совршенство со Мојот накит, со кој те искитив – вели Господ Бог. 15Но ти се занесе од убавината своја, и користејќи се со славата своја, почна да блудствуваш, и живееше блудно со секој минувач, подавајќи му се. 16Па зеде од облеката своја и си на­прави шарени идолчиња, па блудствуваше на нив; вакво нешто ниту било, ниту ќе биде! 17И ги зеде своите накити од моето злато и од моето сребро, што ти ги да­дов Јас и си направи од нив машки ликови и блудствуваше со нив. 18Па ги зеде своите везени облеки, ги облече идолите во нив, и стави пред нив Мое масло, Мој темјан, 19и Мој леб, што ти го давав; пче­ничното брашно, маслото и медот, со кои те хранев, ти ги ставаше пред нив со благопријатен мирис; така беше тоа – вели Господ Бог. 20И ги зеде синовите свои и ќерките свои, што Ми ги роди, па ги принесуваше преку оган како жртва, за да би­дат проголтани. Малку ли беше што блудствуваше? 21#2 Цар 17,17; Ер 19,5Но ти и синовите Мои ги колеше и ги давеше, принесувајќи ги преку оган. 22И при сите твои гадотии и твоите блудства, ти не се сети за деновите на својата младост, кога беше гола и непо­к­риена и фрлена запретана во крвта своја.
Невернички живот
23И по сите тие злосторства – ‚тешко, тешко тебе‘, вели Господ Бог. 24Ти изгради куќи за блуд, на својата улица ги направи. 25Во почетокот на секоја улица на­прави куќи за блуд, ја срамотеше твојата убавина, му се нудеше на секој минувач, го преумножи твоето блудствување. 26Блудствуваше со египетските сино­ви – со своите страсни соседи, го умно­жуваше блудството и ме разгневуваше. 27И ете, Јас ја протегнав раката Своја против тебе и ти ја намалив храната, па те препуштив на гневот на ќерките филистејски, кои те мразеа и се за­срамија од твоето лошо поведение. 28Ти блудствуваше со синовите на Ашур; не се насити што блудствуваше со нив, но со тоа не се задоволи; 29ти ги умножи блудствата свои во земјата хананска до Халдеја, но и со тоа не се задоволи. 30Колку ли треба да е истоштено срцето твое – вели Господ Бог – кога сето тоа го вршеше како необуздана блудница!? 31Кога градеше куќи за блуд во по­четокот на секоја улица и си правеше шарени возвишенија на секој крстопат, ти не гледаше како блудница, зашто ги отфрлуваше подароците, 32но беше како неверна жена, која место својот маж, прибира туѓи мажи. 33#Ос 8,9На секоја блудница ѝ даваат пода­роци, а ти самата даваше подароци на сите свои миленици и ги поткупуваше, за да доаѓаат кај тебе од сите страни и да блудстуваат со тебе. 34При твоето блудствување стануваше обратно од она што станува кај жените; за да доаѓаат кај тебе, ти да­ваше подароци, тебе не ти даваа пода­роци; и затоа ти постапуваше полошо од другите.
Божји Суд над Ерусалим
35Па поради тоа чуј го, блуднице, словото Господово. 36Вака вели Господ Бог: заради тоа што ги излеваше страстите свои и при блудствувањето твое беше разоткривана голотијата твоја пред очите на твоите миленици и пред сите твои одвратни идоли, и заради крвта на твоите синови, што им ги даваше ти – 37#Ос 2,12; Наум 3,5затоа, еве, Јас ќе ги соберам сите твои миленици, со кои се насладуваше и кои ти ги љубеше, како и оние што ги мразеше, и ќе ги соберам одред сите против тебе и ќе ја разоткријам пред нив голотијата твоја, и ќе го видат сиот срам твој. 38#3 Мојс 20,10Јас ќе ти судам, како што им се су­ди на прељубнички и на оние, кои пролеваат крв – и ќе те предадам на крвава јарост и ревност; 39#Откр 17,16ќе те предадам во рацете нивни и тие ќе ги разрушат блудилиштата твои и ќе ги расфрлаат, ќе ги соблечат обле­ките твои од тебе, ќе ги земат накитите твои и ќе те остават гола и непокриена. 40Ќе свикаат против тебе толпа луѓе, ќе те убијат со камења и ќе те расечат со мечевите свои. 41Со оган ќе ги изгорат твоите куќи и ќе извршат над тебе суд пред очите на многу жени; и ќе стават крај на твоето блудство, и повеќе нема да даваш подароци. 42Ќе го излеам над тебе Својот гнев, и ќе отстапи од тебе Мојата љубомора, ќе се успокојам и нема повеќе да се гневам. 43Затоа што не се сети на деновите од младоста своја и што со сето тоа Ме дразнеше; еве, и Јас ќе го свртам делото твое врз главата твоја, вели Господ Бог, за да не се предаваш повеќе на разврат по сите твои гадотии.
Каква мајка, таква ќерка
44Еве, секој што кажува пословици, може да каже за тебе: ‚каква е мајката, таква е и ќерката‘. 45#16,3Ти си ќерка како мајката твоја, која го оставила мажот свој и децата свои, и ти си сестра како сестрите нејзини, што ги оставиле мажите свои. Вашата мајка е Хитијка, а таткото ваш беше Амо­реец. 46Твојата поголема сестра е Сама­рија, која со ќерките свои живееше лево од тебе, и помалата сестра твоја, што живееше десно од тебе е Содом со ќер­ките свои. 47Но ти и по нивните патишта не оде­ше и по нивните гадотии не постапуваше. Тоа беше малку: ти постапуваше поразвратно од нив во сите твои па­тишта. 48Жив сум Јас, вели Господ Бог: дури ни Содом, сестрата твоја и ќерките неј­зини не го вршеа она што го правеше ти и твоите ќерки. 49Ете во каква состојба е беззаконието на сестра ти Содом и на ќерките нејзини: во гордост, во презаситеност, во празнина, и раката нејзина не помагаше сироти и бедни. 50И се возгордеаја тие, па вршеа гадотии пред лицето Мое, и, откако го видов тоа, Јас ги отфрлив. 51#Ер 3,11Самарија ни половина од гревовите твои не направи; ти ги надмина со твои­те гадотии, и преку твоите нечистотии, што ги изврши, сестрите твои се пока­жаа поисправни од тебе. 52Носи го поради тоа срамот свој и ти, што ги осудуваше сестрите свои; според гревовите, со кои се покажа по­лоша од нив, тие се поисправни од тебе. Зацрвени се тогаш од срамот и ти, и носи си го срамот што така ги оправда сестрите свои.
Содом и Самарија ќе бидат обновени
53Но јас ќе ги вратам нивните заро­беници, заробениците на Содом и на ќерките нејзини, заробениците на Сама­рија и на ќерките нејзини, како и твоите во плен одведени меѓу нив, 54за да го носиш срамот свој и да се срамуваш од сето ова што го правеше, станувајќи утеха за нив. 55И сестрите твои, Содом и ќерките нејзини, ќе се вратат во поранешната состојба; исто така Самарија и ќерките нејзини ќе се вратат во поранешната состојба; а и ти и твоите ќерки ќе се вратите во поранешната состојба. 56За сестра ти Содом и помен немаше во устата своја во деновите на твојата гордост, 57додека уште не беше откриено твоето бесчестие, како во времето, кога беше посрамена од сириските ќерки и од сите, што ја опкружуваа, од филистејските ќерки кои одреда гледаа на тебе со презир. 58Поради твојот разврат и поради твоите гадотии ти трпиш,“ – вели Гос­под.
Вечен завет
59Зашто така вели Господ: „Јас ќе постапам со тебе, како што постапи ти, кога ја презре клетвата, нарушувајќи го сојузот. 60#37,26; Ер 31,31-34; 32,40; Ос 2,16-25; Евр 13,20Но Јас ќе се сетам на Мојот сојуз со тебе во деновите на твојата младост и ќе востановам со тебе вечен сојуз. 61#36,31А и ти ќе се сетиш за твоите па­тишта, и ќе ти биде срам, кога ќе поч­неш да ги примаш сестрите свои, по­големите од тебе, како и помалите од тебе, и кога почнав да ти ги давам за ќерки, но не по твојот завет. 62Јас ќе го востановам Мојот сојуз со тебе, и ти ќе разбереш дека Јас сум Гос­под, 63за да помниш и да се срамуваш, и во иднина да не можеш од срам да ја отво­риш устата, кога ќе ти простам сѐ што правеше ти“ – вели Господ Бог.

Currently Selected:

Езекиел 16: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy