YouVersion Logo
Search Icon

Колосјаните Вовед

Вовед
Најверојатно Павле никогаш не го посетил Колоси, градот во мала Азија (денешна Турција), на околу 200 км источно од Ефес. Првиот кој таму го донел Евангелието бил Епафрас (Кол 1,7; 4,12), еден од придружниците на апостолот, кој самиот бил од Колоси.
Додека Павле се наоѓал во затвор (4,3; 10; 18), веројатно во Рим, Епафрас дошол да го извести дека Колосјаните паднале под влијание на пропагаторите на едно ново учење. Според нив, за да се спознае Бог и да се биде спасен, потребно е да се обожуваат духовните сили, да се извршуваат одредени обреди (како на пр. обрезанието) и да се запазуваат строгите правила кои се однесуваат на јадењето, пиењето и сл. Известен за оваа вознемирувачка ситуација, апостолот веднаш им пишува на Колосјаните дека е сосема доволно само да си спомнат дека спасението ни е ветено од Бога во Исус Христос. Тој веројатно им го доставил ова послание со посредство на Тихик и Онисим (4,7-9).
По поздравот и молитвата за благодарност кон Бога (1,1-14), првиот дел ја прави очигледна Христовата надмоќност: Тој е поголем од сите духовни сили, Тој е единствениот поглавар на црквата (1,15–2,3). Веднаш потоа, апостолот го свртува вниманието на Колосјаните на искушенијата во кои можат да западнат (2,4-25).
Последниот дел ги прикажува практичните согледувања за новиот живот што претстои во заедништво со Христос, во самата христијанска заедница, во семејството и во општеството (3,1–4,6). Заклучокот донесува низа лични пораки и поздрави напишани своерачно од апостолот (4,7-18).
Лажните учења можат да ја променат формата и содржината од една епоха во друга. Но тие имаат секогаш нешто општо: тие настојуваат да ги оттргнат христијаните од верата во единиот Христос. Токму затоа содржината на Посланието до Колосјаните е секогаш современа. Таа ја истакнува надмоќноста на Христос, Кој ослободува од секакво духовно роп­ство.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy